Турски печат 17.03.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1379404
Турски печат 17.03.2020

Весникот „Ватан“ во ветса под наслов „Фахреттин Алтун: Располагаме со целосна решителност“, им одделува место на изјавите на шефот на одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун кој го истакна следното: „Ние сме целосно решителни по прашањето на заштита на сите наши граѓани, вклучувајќи ги и лицата со висок ризик.“ Алтун во споделената објава на својот официјален профил вчера на социјалната мрежа Твитер на англиски јазик, во врска со борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) го напиша следното: „Турција со тоашто навремено ги презеде превентивните мерки како што беа стопирањето на некои меѓународни летови и преминот кон онлајн настава, успешно го успори ширењето на Ковид-19.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Изјава во врска со коронавирусот од портпаролот на АК Партијата Челик“, пишува дека портпаролот на владејачката Партија за правда и развој (АК Партијата) Омер Челик вчера даде изјави во врска со коронавирусот и го рече следното: „Применувањето на мерките против вирусот е наша најголема одговорност кон животот, нашата земја и кон целото човештво. Претпазливоста којашто ја покажуваме кон животот на нашиот најблизок, влијае на целото човештво. За поминување на овој испит треба да ги применуваме превентивните мерки.“

„Министерот Албајрак ја соопшти патната карта во врска со коронавирусот“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хурријет“, кадешто се истакнува дека министерот за трезор и финансии Берат Албајрак соопшти дека државата е подготвена против влијанијата на епидемијата на коронавирусот. Министерот Албајрак, патната карта којашто ќе се применува пред евентуалните сценарија ја соопшти преку својот профил на социјалната мрежа Твитер. Велејќи дека прв приоритет е да се одбрани пазарот на работна сила за да не дојде до одреден застој во производството и вработувањето, министерот Берат Албајрак рече: „Се преземени и ќе бидат преземени мерки за да не дојде ниту до најмал застој во пристапот на пазарите кон ликвидност.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Бајрактар ТБ2 полета во Украина“, информира дека во Украина се реализирани тест летовите на беспилотното летало (ИХА) Бајрактар ТБ2 којшто е купен од Турција. Во објавеното писмено соопштение од министерството за одбрана на Украина се вели следното: „Бајрактар на брз начин го кренавме во воздух и започнавме со воена обука.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Доаѓаат медицински уреди со потпис на АСЕЛСАН“, пишува дка Воено електронската индустрија (АСЕЛСАН) како лидерска компанија на Турција во одбранбената индустрија, води активности за подготвување на проекти и решенија со коишто ќе се зголеми способноста на домашниот дизајн и домашното производство, а со што пак ќе се намали зависноста од надвор и во сферата на здравствените т.е. медицинските технологии. АСЕЛСАН планира да развие медицински уреди во 3 различни сфери и тоа под насловите снимање, дијагноза и животна поддршка во сферата на здравствените технологии. Компанијата, за развивање на уреди во овие сфери води активности за соработка со компании и центри за истражување, во земјата и во странство.



Слични вести