Турски печат 13.03.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1377408
Турски печат 13.03.2020

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Претседателот Ердоган разговараше со рускиот лидер Путин“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин. Во телефонскиот разговор помеѓу Ердоган и Путин беа разгледани случувањата во врска со прашањата за коишто е постигнат договор во рамките на потпишаниот дополнителен протокол на 5 март, по прашањето со Идлиб.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Акар: Со руската воена делегација во голема мера постигнавме договор“ им одделува место на изјавите на министерот за национална одбрана Хулуси Акар кој соопшти дека со руската воена делегација со која продолжуваат разговорите во врска со прекинот на огнот во Идлиб, во голема мера е постигнат договор. Министерот Акар рече: „Нашето присуство во Идлиб продолжува со сите наши елементи. Не станува збор за повлекување. Нашите единици, елементи ги зачувуваат своите позиции.“

„Министерот за надворешни работи Чавушоглу разговараше со својот италијански колега“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Сабах“, кадешто се истакнува дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо, посветен на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19). Чавушоглу го изрази своето сочувство до својот италијански колега за човечките загуби во Италија. Во телефонскиот разговор стана збор и за тоа што би можело да се направи помеѓу Турција и Италија по прашањето на поддршката и солидарноста поради епидемијата.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Во Мугла спасени 8 мигранти туркани назад кон турските територијални води“, информира дека во населеното место (познатото туристичко одморалиште) Бодрум кај градот Мугла се спасени 8 мигранти кои од страна на грчката крајбрежна стража биле туркани назад кон турските територијални води. Мигрантите со авганистанско државјанство беа качени на еден турски крајбрежен безбедносен чамец и беа изнесени на копно.

Весникот „Стар“, во веста под наслов „Американското списание импресионирано: Турската армија, супер сила во наоружани беспилотни летала (СИХА)“, пишува дека американското списание „ The National Interest“ ги стави под лупа турските наоружани беспилотни летала (СИХА). Списанието упати пофалби за наоружаните беспилотни летала (СИХА) коишто беа употребени во операцијата Пролетен штит во подрачјето на Идлиб, во Сирија и истакна дека Турција фрли потпис на голем успех во оваа сфера.



Слични вести