Турски печат 11.03.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1376009
Турски печат 11.03.2020

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Изјави од претседателот Ердоган на враќање од Брисел“ пишува дека, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во дадените изјави на враќање од посетата на белгискиот главен град Брисел кадешто оствари разговори, покажа остра реакција поради ставот на Грција по прашањето со мигрантите. Ердоган рече: „Треба да знаат дека ставот што го презентираат на границата претставува убиство. Ќе ја побараме сметката за тоа.“ Велејќи „Идлиб, Сирија и мигрантската криза, повеќе од нас, претставуваат тест на волјата и лидерството на Европсклата унија (ЕУ)“, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, напомена дека лидерите на Европската унија (ЕУ) прифатија дека Турција ги исполнува своите обврски и дека наспроти тоа ЕУ делува бавно.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Чавушоглу: Доколку и покрај прекинот на огнот режимот напредува, ќе го погодиме“, им одделува место на изјавите на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој предупреди дека доколку и покрај постигнатиот прекин на огнот режимот на Бешар Асад напредува кон подрачјето на Идлиб, Турција ќе ја продолжи воената операција од онаму кадешто е сопрена. 

„Аеродромите во Истанбул го зголемија бројот на своите летови и патници за два месеци“ гласи насловот на страниците на весникот „Хурријет“ кадешто се истакнува дека, аеродромите во Истанбул од кои во јануари и февруари годинава летаа 15 милиони 411 илјади 530 лица, во споредба со истиот период од два месеци минатата година, бројот на своите патници го зголемија за 126 илјади 13 лица.  

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Извозот на готова облека го предводи женската облека“ пишува дека, извозот на готова облека којшто Турција го оствари во периодот јануари февруари оваа година, во споредба со истиот период минатата година со остварен раст од 6,7 отсто се зголеми на 3 милијарди 17 милиони 400 илјади долари. Секторот на готова облека којшто својот извоз го остварува претежно за европските земји, од својата група на производи има оставрено најголема продажба на женска облека.   

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Натпреварите на Турција со Словенија и Австрија ќе се одиграт без навивачи“ информира дека, коронавирусот којшто го зафати светот продолжува да го тресе фудбалот. Така како последно беше соопштено дека натпреварите на турската фудбалска репрезентација во рамките на подготовките за ЕВРО 2020 година коишто ќе бидат одиграни на 27 март против Словенија и 30 март против Австрија, поради коронавирусот ќе бидат одиграни без навивачи.



Слични вести