Турски печат 09.03.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1374408
Турски печат 09.03.2020

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Повик од претседателот Ердоган до Грција: Отвори ги вратите и ти“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој во говорот што го одржа вчера на програмата „Жените хероини на Турција“ во Конгресниот центар Халич во Истанбул, а по повод 8 Март Меѓународниот ден на жената, го упати следниот повик до Грција: „(Ние ги отворивме вратите) отвори ги вратите и Ти, нека заминат во другите европски земји. Ние ви рековме дека ова ако оди вака ќе ги отвориме вратите, вие не ни поверувавте. Бараме праведно споделување на товарот. Ние бараме партнер во ова, сѐ уште има 3,5 милиони мигранти, а 1,5 милиони се потпреа на нашата врата.“ - рече претседателот Ердоган.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Борбата што ја води Турција против коронавирусот стана пример за светот: 26 земји побараа помош од Турција“, информира дека борбата којашто се води успешно во Турција против епидемијата на новиот тип коронавирус, се следи одблизу од страна на голем број земји. Во тие рамки, некои земји со посредство на своите министерства за здравство и амбасадите во главниот град Анкара доставија барање до Турција за споделување на знаења и искуства, помош во заштитни материјали и за заедничко работење. 26 земји, а пред се САД, Велика Британија, Италија и Иран доставија барање до Турција за соработка во сферата на борбата против коронавирусот.  

„Дојдено при крај во проектот Галатапорт кој ќе донесе 1,5 милиони туристи во Истанбул“ гласи насловот на веста на весникот „Сабах“, кадешто се истакнува дека е дојдено при крај во реализацијата на проектот Галатапорт, за изградба на пристаниште за бродови за крстарење, крузери. Со проектот за којшто се планира во месец април да се укотви првиот брод за крстарење, крузер, во пристаништето, се очекува годишно да бидат пречекани 1,5 милиони патници на крузери.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Истанбулскиот аеродром во зимскиот период го користеа 15 милиони патници“, информира дека во зимскиот период којшто ги опфаќа декември, јануари и февруари, од Истанбулскиот аеродром преку кој се реализирани 101.285 домашни и меѓународни летови, патуваа вкупно 15 милиони 159 илјади 968 патници. 24.227 летови во овој период се остварени на домашни линии, а 77.058 летови на меѓународни линии.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Вакцина од Турција за децата мигранти“, пишува дека во Едирне се вакцинираат децата на семејствата мигранти кои се излезени на пат со надеж за заминат за Европа. Семејствата мигранти кои продолжуваат да чекаат во тампон зоната кај граничниот премин Пазаркуле, беа информирани од страна на надлежните на Дирекцијата за здравство на Едирне во врска со вакцинирањето на децата. Така децата на мигрантските семејства на возраст од 0 до 15 години беа вакцинирани против сипаници и детска парализа.

 



Слични вести