Турски печат 06.03.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1373086
Турски печат 06.03.2020

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Прекин на огнот“, пишува дека вчера во Москва беше поставена на маса кризата во Идлиб којашто се следи одблизу од страна на целиот свет, а поради масакрите на сирискиот режим и Русија, новиот мигрантски бран и операцијата Пролетен штит којашто ја спроведува Турција во ова подрачје. Од 6 часовната средба помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин произлезе одлука за „прекин на огнот“. Прекинот на огнот стапи во сила синоќа на полноќ, од 00:01 часот.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Алтун: Турција не може да остане посматрач на една човечка трагедија“, им одделува место на изјавите на шефот на одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун кој на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Ние нема да отстапиме ниту од нашите договори, ниту нема да му дозволиме на овој понизен режим да убива милиони цивили и да ги протерува кон нашите граници. Режимот стана причина за прекумерен хаос и разрушувања во подрачјето. Турција не може да следи како пред нејзините очи се доживува една човечка трагедија, без притоа да прави ништо.“

„Џиновски извоз од Турција за Кина! Оствари раст од 500 отсто“, гласи насловот на веста на страниците на весникот „Сабах“, кадешто се истакнува дека продажбата на маски за еднократна употреба на Кина каде владее епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19) обезбеди да се зголеми до рекордно ниво и извозот од страна на секторот на готова облека и конфекција од Турција, во оваа земја. Така продажбата на готова облека и конфекција од Турција на Кина под дејство на зголемената побарувачка на маски за еднократна употреба од оваа земја, се зголеми за 500 отсто и се искачи на 30 милиони 500 илјади долари.  

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „За еден ден по 10 Турци ќе станат доларски милионери“, информира дека според извештајот на консултантската фирма „Knight Frank“ со седиште во Велика Британија, заклучно со 2019 година бројот на лицата во Турција со имот од 1 милион долари и повеќе се зголеми на 164.938 лица. Во извештајот се предвидува дека оваа бројка во 2024 година ќе достигна до 183.162 лица. Односно, во текот на наредните 5 години се очекува да станат доларски милионери дневно просечно по 10 Турци.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „На списокот на 30 најубави плажи во Европа влезе и Турција“, пишува дека еминентните автори за туристички патувања на британскиот весник „Гвардијан“ ги избраа најубавите 30 плажи на Европа. На списокот се најдоа 5 плажи и од Турција.



Слични вести