Турски печат 02.03.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1369815
Турски печат 02.03.2020

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Самитот помеѓу претседатеот Ердоган и Путин на 5 март“, информира дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин ќе се состанат на 5 март во Москва. На средбата се очекува да бидат разгледани прашања како што се последните случувања во подрачјето на Идлиб во Сирија и повлекувањето на режимските сили надвор, односно во позадината на турските набљудувачки пунктови во подрачјето на Идлиб.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Министерот Чавушоглу: Ќе ги скршиме сите предавнички раце кои посегнуваат по нашето знаме“, пишува дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавошгулу во врска со операцијата Пролетен Штит којашто беше започната по извршениот напад врз турските војници на 27 февруари во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, го истакна следното: „Ќе ги скршиме сите предавнички раце кои посегнуваат по нашето знаме.“

„Турција, со нападот со јато од наоружани беспилотни летала (СИХА) го запиша своето име во историјата на војната во светот“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Стар“, каде што се истакнува дека Турските вооружени сили (ТВС или TSK) со изведени операции во кои учествуваа десетици наоружани беспилотни летала СИХА, инаку произведени со национални можности, ги погодија режимските сили на Асад кои ги масакрираат циивилите во градот Идлиб и околината, со што го запиша своето име во историјата на војната во светот.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Бугарскиот премиер Бојко Борисов: Што поскоро треба да и се помогне на Турција“, пишува дека бугарскиот премиер Бојко Борисов во дадената изјава во врска со илјадници нерегуларни мигранти кои се движат кон Европа го рече следното: „Во една ваква состојба ниту една земја вклучувајќи ја и Турција не би требало да биде оставена сама. Што поскоро треба да и се помогне на Турција.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Британскиот весник препорача! Турција, безбедна адреса за одмор“, информира дека британскиот весник „Дејли Експрес“ на оние кои сакаат за време на Велигденските празници коишто ќе започнат на 10 април својот одмор да го поминат во странство, им препорача да ја посетат Турција во која нема закана од коронавирусот. Тоа што овој британски весник ја покажа Турција меѓу безбедните земји за одмор, беше дочекано со радост од страна на туристичките работници особено во познатиот туристички центар Мугла кое преставува омилено место за одмор за британските туристи.



Слични вести