Турски печат 27.02.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1367213
Турски печат 27.02.2020

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Ердоган: Истекува рокот што му го дадовме на Асад“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган даде јасна порака по прашањето на подрачјето на Идлиб, во Сирија. Велејќи „Истекува рокот што му го дадовме на Бешар Асад кој не се придржува кон меморандумот од Сочи“, претседателот Ердоган рече: „Во Идлиб нема да фрлиме ниту најмал чекор назад. Режимот ќе го извадиме надвор од утврдените граници.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Интересирањето на Латините кон Турција доведе до интензивирање на летовите на Туркиш ерлајнс“, информира дека зголеменото интересирање на Латините кон Турција се одрази позитивно на Турската авиокомпанија „ТХЈ“ (Туркиш ерлајнс). Така, поради интензивната побарувачка на патниците Туркиш ерлајнс донесе одлука да го зголеми бројот на своите летови за Мексико кадешто почна да лета од август минатата година. Според тоа, Туркиш ерлајнс своите авионски летови Истанбул-Мексико Сити-Канкун-Истанбул коишто се реализираа во 3 фреквенции неделно, почнувајќи од 8 јуни ќе ги реализира во 4 фреквенции, односно 4 пати неделно. Турската авиокомпанија „ТХЈ“ (Туркиш ерлајнс) на дестинацијата Мексико планира да превезува годишно 100 илјади патници.

„Тргна на пат третиот брод на Турција за дупчење“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Ватан“, кадешто им се одделува место на изјавите на министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез кој соопшти дека во Турција доаѓа и третиот брод за дупчење. Министерот Донмез во пораката што ја објави на својот профил на социјалната мрежа Твитер, напиша: „Тргна на пат нашиот трет брод за дупчење чие доаѓање беше најавено од страна на нашиот почитуван претседател. Нашиот брод чие едро е исполнето со поддршката на нашиот народ плови кон нашата земја. Нека е ајирлија и со среќа.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Порачките ќе доаѓаат во Турција“, пишува дека производството во Кина поради коронавирусот и присутната загриженост од вирусот, ги принудува марките на потрага по алтернативен пазар за производство. Така и министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк во дадената изјава по ова прашање соопшти дека еден дел од набавката на стока од Кина ќе се пренесе во Турција. 

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Турција ќе се најде на челните позиции во лигата на добитниците“, им одделува место на изјавите на шефот за стратегија и буџет во претседателскиот кабинет Наџи Агбал кој истакна дека Турција во иднина ќе се најде на челните позиции во лигата на добитниците во светот. Велејќи дека регионите на богатсво се променуваат и дека опаѓа делот во глобалните приходи на најразвиените земји како што се САД, Велика Британија, Франција, Италија и Канада, Наџи Агбал истакна дека земјите како што се Турција, Кина, Индија, Бразил и Јужна Африка чија ѕвезда почна да блеска, во иднина ќе добиваат многу поголем дел од светската трговија.



Слични вести