Турски печат 19.02.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1362138
Турски печат 19.02.2020

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин: Военото засилување и воената испорака на Идлиб ќе продолжи, пишува дека портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин вчера додека продолжуваше состанокот на претседателскиот кабинет се појави пред камерите и даде изјава за претставниците на печатот. Калин истакна дека основната линија во подрачјето на Идлиб во Сирија е враќање назад кон меморандумот од Сочи, а воедно рече дека за одбрана на Идлиб и заштита на цивилите ќе продолжи военото засилување и воената испорака во подрачјето.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Остра реакција од Чавушоглу до грчкиот претседател: Турското малцинство во Западна Тракија со векови е турско и турско ќе остане“, информира дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу покажа остра реакција против изјавите на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос кој за време на неговата посета на Западна Тракија во врска со идентитетот на муслиманското турско малцинство го употреби изразот „муслиманско-грчко малцинство“. Чавушоглу рече: „Претседателот на една земја за која се вели дека е колевка на демократијата, повторно за муслиманското турско малцинство го употребил зборот 'муслиманско-грчко малцинство', и тоа и покрај толку многуте донесени пресуди од страна на Европскиот суд за човекови права. Што и да велите вие, турското малцинство во Западна Тракија со векови е 'Турско' и 'Турско' ќе остане.“

„Изјава од Омер Челик во врска со разговорите за Идлиб во Москва“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Сабах“, кадешто се вели дека портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик даде изјава во врска со разговорите за Идлиб во Москва, помеѓу турската и руската делегација. Омер Челик истакна дека отворено и јасно и е доставено на спротивната страна дека доколку режимот не се повлече на претходните граници се направени потребните воени подготовки за да се обезбеди тоа.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Турските научници пристигнаа на Антарктикот“, информира дека турската екипа која ја остварува својата четврта Национална научна експедиција на Антарктикот по патување од 15 илјади километри пристигна на белиот континент. Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк во објавеното писмено соопштение истакна дека научната екипа во текот на приближно еден месец ќе води научни истражувања на островот Хорсшу каде што е привремено стациониран Турскиот научен камп.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Се отвора Народната библиотека на претседателската палата“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган утре свечено ќе ја отвори Народната библиотека на претседателската палата која располага со мотиви на селџучката, османлиската и современата архитектура и која ќе работи нон стоп во текот на 24 часа, седум дена во неделата. Изградбата на Народната библиотека започна во 2016 година, располага со 125 илјади квадратни метри покриен простор и е со капацитет во ист момент да пружа библиотекарска услуга за 5 илјади лица.



Слични вести