Турски печат 17.02.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1360535
Турски печат 17.02.2020

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Ердоган: Од страна на производството почнаа да пристигнуваат рекорди“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој во говорот што го одржа вчера на церемонијата на отворање на втората етапа на Технопаркот во Истанбул, го рече следното: „Расте довербата кон економијата, од страна на производството почнаа да пристигнуваат рекорди.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Министерот Чавушоглу: На Лавров му рековме дека треба да престане агресивноста во Идлиб“, информира дека министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу во врска со неговата остварена средба со рускиот министер за надворшени работи Сергеј Лавров, каде што отпатува за учество на 56. Минхенска безбедносна конференција, рече: „Рековме дека треба да престане агресивноста во Идлиб и веќе да се воспостави трајниот прекин на огнот.“

„Дојдено при крај во националниот радар“ гласи насловот на веста на страниците на весниккот „Ватан“, кадешто се итакнува дека Турција дојде при крај во Националниот набљудувачки радар (MGR), како прв приод во радарскиот систем наменет за цивилно воздухопловство. На аеродромот во градот Газиантеп заврши изградбата на зградите на кулата и радарот, така што Националниот набљудувачки радар (MGR) ќе биде ставен во примена по фазатата на тестирање. Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк во врска со прашањето рече: „Со Националниот набљудувачки радар (MGR) ќе можат побезбедно да слетуваат и полетуваат нашите цивилни авиони.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Турција ги остави зад себе земјите на ЕУ во порастот на индустриското производство“, пишува дека во период кога индустриското производство како еден од водечките показатели за раст, заклучно со декември 2019 година во Европската унија (ЕУ) на годишна база опадна за 3,6 отсто, Турција во истиот период своето производство го зголеми за 8,6 отсто и ги остави зад себе сите земји на Европската унија (ЕУ) чии показатели се објавени.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Туркиш Ерлајнс воспостави воздушен мост, се зголеми трговскиот обем кон Латинска Америка“, информира дека откако Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) воспостави воздушен мост меѓу Латинска Америка и Турција оваа состојба се одрази позитивно и на трговскиот обем. Така во период кога почна да расте трговскиот обем меѓу Турција и земјите од Латинска Америка, Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) во 2019 година во споредба со претходната година на овој пазар постигна раст од 61,5 отсто и оствари авионски превоз на карго и пошта од 35.415 тони.



Слични вести