Турски печат 14.02.2020

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

Турски печат 14.02.2020

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Претседателот Ердоган најсакан светски лидер во Северна Македонија“ истакнува дека според резултатите од една анкета во Северна Македонија, претседателот Реџеп Тајип Ердоган се најде на првото место на списокот на најсакани лидери. 60 отсто од анкетираните изразија позитивен став за претседателот Ердоган.

Весникот „Јени шафак“ во веста под наслов „Испраќаме дополнителни единици, ќе го контролираме теренот“ ја објавува изјавата на министерот за национална одбрана Хулуси Акар кој во рамките на состанокот на НАТО во Брисел во врска со случувањата во Идлиб рече дека за постигнување трајно примирје во Идлиб испраќаме дополнителни воени единици, со цел да го контролираме теренот. Ќе биде употребена сила против сите оние сегменти кои нема да се придржуваат кон примирјето, вклучувајќи ги и радикалните. Во тие рамки ќе бидат преземени сите мерки“.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Постигна рекорд во последните 21 месец“ ја објавува изјавата на министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк кој рече дека стапката на индустриското производство на годишна база во декември се зголеми за 8,6 отсто и беше постигнат рекорд во последните 21 месец. Се фокусираме овој перформанс да стане траен и да се постигне раст под водство на производството. Вложуваме напори оваа година да ја поминеме во знак на интензивирањето на економскиот раст, зајакнување на реалниот сектор и зголемување на стапката на вработување.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Бесплатни количките за бебиња на Истанбулскиот аеродром“ истакнува дека количките за бебиња кои се поставени на влезот и излезот на терминалот за внатрешни и надворешни дестинации на Истанбулскиот аеродром, беа ставен во услуга на семејствата со деца од 0 до 6 годишна возраст. Количките за бебиња се бесплатни.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „2 експонати кои илегално беа изнесени, се враќаат во Турција“ истакнува дека на иницијатива на Министерството за култура и туризам, експонатот саркофаг од типот Сидамар кој потекнува од Испарта  и експонатот во вид на модел на кола кој датира од околу 2 до 3 илјади години п.н.е., на 15 февруари од Британија ќе бидат донесени во Турција.



Слични вести