Турски печат 05.02.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1353475
Турски печат 05.02.2020

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Ердоган: Нападот во Идлиб ќе има свои последици за режимот“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој истакна дека нападот во подрачјето на градот Идлиб во Сирија претставува отворено прекршување на договорот за Идлиб. Претседателот Ердоган во врска со подлиот напад против персоналот на Турските вооружени сили (ТВС или TSK)  го рече следното: „Секако дека тоа ќе има и свои последици за режимот на Бешар Асад.“

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Чавушоглу: Го дадовме и ќе продолжиме да му го даваме потребниот одговор на Асад“, информира дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, во дадената изјава по подлиот напад којшто беше извршен врз турските војници во Идлиб, го рече следното: „Одговоривме на нападот, имаат претрпено многу големи загуби, а тоа ќе продолжи. Чавушоглу воедно го истакна и тоа дека не ги сметаат за правилни и изговорите на Русија околу тоа дека „не може потполно да го држи под контрола режимот.“

„Населението на Турција изнесува над 83 милиони“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хабертурк“, кадешто се истакнува дека Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) го соопшти бројот на населението во земјата. Според тоа, бројот на населението на Турција во 2019 година, во споредба со 2018 година се зголеми за 1 милион 151 илјада 115 лица, и достигна до вкупно 83 милиони 154 илјади 997 жители. Населението на Истанбул пак, брои 15 милиони 519 илјади 267 лица.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Русите кои бегаат од коронавирусот, во зеленчукот и овошјето се усмерија кон турскиот пазар“, информира дека откако коронавирусот, кој што со секој ден продолжува да се шири во Кина и кој досега одзеде голем број животи, достигна до заканувачки димензии, побарувачката од турски производи во е-извозот се зголеми за 5 пати и земјите кои увезуваат зеленчук и овошје од Кина се усмерија кон пазарот на Турција. Русија, подготви нацрт одлука за зголемување на увозот на домати од Турција на 200 илјади тони. По затворањето на границите со Кина, руските функционери соопштија дека ќе се усмерат кон пазарот на Турција.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Турција станува централна земја за инвестиции“, пишува дека претседателот на британската трговска комора во Турција Крис Гаунт истакна дека Турција и Истанбул ќе станат центар за 14 земји во Источна Европа и Централна Азија. Велејќи дека турските и британските компании ќе работат за да се обезбеди пристап до овие 14 земји, Гаунт го рече следното: „Ионака турските компании располагаат со силни деловни односи во Централна Азија, Северна Африка и Русија. Ние тоа го оценуваме за мошне специјална можност за зголемување на нашата трговија и за привлекување на поголеми инвестиции.“



Слични вести