Турски печат 04.02.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1352632
Турски печат 04.02.2020

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Изјава од Ердоган по подлиот напад во Идлиб“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во дадената изјава вчера пред да отпатува за Украина истакна дека беше одговорено во иста мера на нападот во Идлиб во кој станаа шехиди (загинаа) 8 турски војници. Претседателот Ердоган го рече следното: „Одлучни сме да ги продолжиме нашите операции коишто ги спроведуваме за воспоставување на безбедноста на нашата земја, нашиот народ и на нашите браќа во Идлиб. Оние кои со овие видови подли напади ја тестираат одлучноста на Турција, ќе разберат дека прават голема грешка.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Порака од Хулуси Акар на границата со Сирија“, информира дека министерот за национална одбрана Хулуси Акар заедно со воените команданти на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) ја посети нултата точка на границата со Сирија. Овде, министерот Акар истакна дека никој не треба да се сомнева во тоа дека се прави неопходното во врска со реализираниот напад врз турските војници во Идлиб. 

„Заедно како исламски свет го одбивме овој план којшто во основа е документ за продажба“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Сабах“, каде што им се одделува место на изјавите на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој истакна дека на состанокот на Организацијата за исламска соработка (ОИС) што се одржа во градот Џеда во Саудиска Арабија, освен ставот на Организацијата за исламска соработка кон наводниот мировен план на Соединетите Американски Држави (САД) беше разгледано и палестинското прашање. Чавушоглу, во направената проценка на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Учествуваме на состанокот на Организацијата за исламска соработка (ОИС). Заедно како исламски свет го одбивме овој план којшто во основа претставува документ за продажба. На оној кој ќе се откаже од Палестина нема да му опростат ниту Аллах, ниту уметот (муслиманите).“  

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Министерката за трговија Пекџан: Највисок процент во историјата на Републиката“, им одделува место на изјавите на министерката за трговија Рухсар Пекџан која рече дека извозот во јануари оваа година со годишен раст од 6,10 отсто изнесува 14,8 милијарди долари. Велејќи „Оваа бројка претставува највисока бројка за остварен извоз во месец јануари“, министерката Пекџан истакна дека надворешните трговски показатели покажуваат дека заживувањето во турската економија продолжува со негово зајакнување.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Турција минатата година оствари извоз на 277 пара чевли“, пишува дека извозот на чевли на Турција кој во 2018 година изнесуваше 249 милиони пара, минатата 2019 година со раст од 11,2 отсто се зголеми на 277 пара чевли. Заработените приходи од извозот со раст од 4,6 отсто достигнаа до 932 милиони долари и е соборен рекордот на сите времиња. Најголемиот извоз во износ од 106 милиони долари е реализиран за Русија, а потоа следуваат Ирак со 70 милиони долари и Германија со 59 милиони долари. Највисокиот извоз на чевли од Турција со 168 отсто пак ,е остварен за Кина.



Слични вести