Турски печат 30.01.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1349989
Турски печат 30.01.2020

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Никако не може да се прифати планот Ерусалим да му се додели на Израел“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во врска со наводниот мировен план на американскиот претседател Доналд Трамп го рече следното: „Ерусалим (Кудс) е световност на муслиманите. Никако не може да се прифати планот Ерусалим (Кудс) да му се додели на Израел. Тоа е план за негирање на правата на Палестинците и за легализација на израелската окупација. Објавениот план нема да биде во услуга на мирот и решението.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Изјава од Чавушоглу во врска со Брисел“, информира дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу покажа реакција против одлуката којашто ја донесе Врховниот суд на Белгија во истрагата во врска со сепаратистичко-терористичката органзиција ПКК којашто е позната како „предмет Арианда“, која продолжува во Белгија и во која е инволвирана и Турција. Министерот Чавушоглу во објавата што ја сподели на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Одлуката на белгискиот суд во врска со терористичката организација ПКК нема никаква врска со правото. Оваа одлука е идеолошка и политичка.“ 

„Ибрахим Калин: „Палестинските територии не се на продажба“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Ватан“, каде што се истакнува дека портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин вио врска со наводниот мировен план подготвен од страна на САД во однос на палестинско-израелското прашање го рече следното: „Како што нагласува претседателот Реџеп Тајјип Ердоган Ерусалим (Кудс) е нашата црвена линија и палестинските територии не се на продажба.“  

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Министерството за надворешни работи: Започната е акција за евакуирање на турските граѓани во провинцијата Хубеј во Кина“, информира дека турското министерство за надворешни работи поради епидемијата од новиот тип коронавирус (2019-nCoV) којашто се појави во провинцијата Хубеј во Кина и оттука се прошири низ целата земја и во светот, започна акција за евакуирање на турските граѓани кои живеат во оваа провинција, а воедно и министерството за здравство ги направи потребните подготовки и ги презеде неопходните превентивни мерки по ова прашање. 

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Индексот на економска доверба се искачи на 97,1 отсто“, пишува дека Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) го соопшти индексот на економска доверба за месец јануари 2020 година. Според тоа, индексот на економска доверба кој во месец декември минатата (2019) година изнесуваше 96,5 отсто, во месец јануари 2020 година со раст од 0,6 отсто од 96,5 отсто се зголеми на 97,1 отсто.



Слични вести