Турски печат 29.01.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1349310
Турски печат 29.01.2020

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Реакција од Ердоган против Хафтар: Тој е платен војник легионер, изврши предавство на Гадафи“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера во Сенегал одржа заедничка прес конференција со својот сенегалски колега Маки Сал. Во оваа пригода претседателот Ердоган рече: „ Во Идлиб станува збор за раздвиженост кон нашите граници. Ги преземаме неопходните мерки. Хафтар е легионер, платен војник. Хафтар нема официјален легитимитет, официјална признатост, кај меѓународната заедница. Хафтар изврши предавство на Гадафи.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Министерството за национална одбрана: Доколку бидат нападнати нашите набљудувачки пунктови ќе биде возвратено“, информира дека во објавеното соопштение од страна на Министерството за национална одбрана се истакнува дека продолжуваат нападите на режимските сили врз подрачјето на градот Идлиб во северозападниот дел на Сирија и се вели следното: „Доколку бидат нападнати нашите набљудувачки  и контролни пунктови во регионот и бидат преземени иницијативи кои што ќе ја доведат во опасност нивната безбедност, ќе биде возвратено во рамките на правото на самоодбрана.“ 

„МВР: Депортирани четворица терористи државјани на Франција“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Јени Шафак“, каде што се истакнува дека Турција депортира во нивната матична земја уште четворица странски терористи, државјани на Франција. Во објавеното писмено соопштение од Министерството за внатрешни работи се истакнува дека продолжува процесот на предавање на странските терористи на нивните матични земји. Во соопштението се вели следното: „Во тие рамки, денеска се депортирани во нивната земја четворица терористи, државјани на Франција.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов: Новата одлука од Турската авиокомпанија 'Туркиш Ерлајнс' “, пишува дека поради смртноносниот нов тип коронавирус којшто се појави во градот Вухан во Кина и се прошири низ светот од Турската авиокомпанија ТХЈ „Туркиш Ерлајнс“ пристигна соопштение. Туркиш Ерлајнс соопшти дека лицата кои работат на нивните летови за Кина. т.ј. јабинските работници можат да користат маски и ракавици.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов: „Новата ѕвезда во извозот на морска храна: Црноморскиот лосос“, информира дека турскиот сектор на морска храна кој со гргечот и ципурата стана светки бренд, има за цел да го долови истиот успех и со рибата пастрмка наречена виножито, која се нарекува и црноморски лосос. Така извозот на оваа риба (пастрмка наречена виножито) која на светските пазари се продава под името „турски лосос“ во 2019 година, во споредба со минатата (2018) година,  со раст од 7 отсто се зголеми на 29 милиони долари. 16 милиони долари од овој извоз се остварени за Русија, додека други пазари коишто се истакнуваат на преден план се Виетнам со 8 милиони долари и Јапонија со 3,5 милиони долари.



Слични вести