Турски печат 28.01.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1348615
Турски печат 28.01.2020

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Претседателот на АФАД соопшти: Извлечено е мртвото тело на последниот граѓанин од под рушевините“, им одделува место на изјавите на претседателот на Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) Мехмет Ѓуллуоглу соопшти дека е извлечено мртвото тело на последниот граѓанин од под рушевините, во земјотресот во Елазиг. Со тоа бројот на загинатите во земјотресот се зголеми на 41 лице.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Ердоган: Веќе е позната патната карта за Либија“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој вчера ја заврши посетата на Алжир, првата станица од неговата турнеја по 3 земји во Африка, по што оттука отпатува во посета на Гамбија, на пат во авионот даде значајни изјави за новинарите. Претседателот Ердоган меѓу бројни теми се осврна и на прашањето со Либија  во врска со што рече: „Веќе е позната патната карта во Либија. Треба веднаш да се стави во примена прекинот на огнот и да се унапреди политичкиот процес, под покривот на Обединетите нации (ОН) и под водство на владата со меѓународен легитимитет.“

„Домашен и национален период во АЛО Кула“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Стар“, кадешто се истакнува дека Генералната дирекција на Државната управа на аеродроми (ДХМИ) на Турција го фрли едниот од првите чекори на патот за придавање на цивилниот сектор  на критичните технологии во сферата на одбранбената индустрија. Домашниот и национален систем за звучна комуникација со IP основа којшто е произведен за Турските вооружени сили (ТВС или TSK), почна да се применува на 11 аеродроми во Турција.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Радост за рана резервација кај туристичките работници“, информира дека туристичкиот сектор во Турција со раздвиженоста ашто се појави во раните резервации ги дава сигналите за постигнување на нов рекорд оваа година. Петседателот на Асоцијацијата на агенциите за патување на Турција (ТУРСАБ) Толга Генџер го рече следното: „Постои голема заинтересираност, побарувачка, за раните резервации. Минатата година 40 отсто од оние кои беа на одмор ги искористија можностите за рана резервација. И оваа сезона би бил доловен истиот процент.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Објава од претседателот Ердоган за Коби Брајант“, пишува дедка претседателот Реџеп Тајјип Ердоган сподели објава на својот официјален профил на социјланата мрежа Твитер за легендарниот кошаркар Коби Брајант кој го загуби животот го хеликоптерска несреќа. Претседателот Ердоган во својата објава на англиски јазик, напиша: „Чувствувам длабоко жалење поради смртта на легенадарниот Коби Брајант кој овозможи безброј спортисти да ја засакаат кошарката. Како љубител на кошарката и како претседател на Турција го доставувам моето длабоко жалење и го изразувам моето сочувство до неговото семејство и до неговите сакани.“



Слични вести