Турски печат 16.01.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1341658
Турски печат 16.01.2020

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Реакција од Чавушоглу против Египет: Тоа е неприфатливо“, информира дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу синоќа беше гостин во програмата на еден приватен телевизиски канал кадешто изнесе проценки во врска со последните случувања во надворешната политика. Министерот Чавушоглу рече: „Интервенцијата на египетската полиција во канцеларијата на Агенцијата Анадолија „АА“ во Каиро е неприфатлива, ги остваруваме неопходните контакти.“

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Министерот Акар: Се уште е рано да се каже дека не остана можност за прекин на огнот во Либија“, им одделува место на изјавите на министерот за национална одбрана Хулуси Акар кој рече дека Турција води напори да се постигне мир, спокојство и да престане крвопролевањето, ѝ во Либија, ѝ во Идлиб во Сирија, со политичко решение. Министерот Акар говореше на состанокот што го одржа вчера со претставниците на печатот во Анкара и во врска со коментарите околу тоа оти не остана можност за прекин на огнот во Либија го рече следното: „Не би можеле да го кажеме тоа, работите продолжуваат."

„Повик од министерката Пекџан во Мароко за взаемно инвестирање“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Ватан“, кадешто се истакнува дека министерката за трговија Рухсар Пекџан по остварените разговори во Нигерија вчера замина за главниот град на Мароко, Рабат, и овде се состана со министерот за индустрија, трговија, зелена и дигитална економија Моулај Хафид Елалами. Во говорот што го одржа во оваа пригода, министерката Пекџан истакна дека Мароко се наоѓа меѓу значајните партнери на Турција и дека очекуваат турските бизнисмени да реализираат поголеми инвестиции во оваа земја. „Исто така ги покануваме и мароканските бизнисмени да инвестираат во Турција.“ - рече министерката за трговија Рухсар Пекџан.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Извозот на автобуси, минибуси и мидибуси во Турција изнесува над 2 милијарди долари“, пишува дека продажбата во странство на  автобуси, минибуси и мидибуси, како подгрупа на автомобилската индустрија која 14 пати по ред е лидер во извозот на годишна база во Турција, во 2019 година изнесува над 2 милијарди долари. Земја во која секторот оствари најголем извоз минатата година беше Франција.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Во Турција е доживеана четвртата најтопла година во последните 49 години“, информира дека поради тоа што минатата година температурите во Турција се движеа над нормалата, беше доживеана четвртата најтопла година во последните 49 години. Според податоците на Генералната дирекција за метеорологија, минатата година просечната температура во Турција се зголеми за 1,3 степени и изнесуваше 14,8 степени.



Слични вести