Турски печат 14.01.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

Турски печат 14.01.2020

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Средба за Либија во Москва; Дипломатската победа на Турција“, пишува дека од средбата за Либија која се одржа вчера во главниот град на Русија, Москва, и која се очекуваше со заинтересираност во целиот свет, произлегоа позитивни пораки. Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека е подготвен нацрт текст за прекинот на огнот во Либија. Овој нацрт текст беше потпишан од страна на Владата на национално единство на Линија Фајез ал Сараџ, додека пучистот Хафтар побара да му се даде време.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Претседателот Ердоган заминува за Германија“, информира дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на 19 јануари ќе отпатува за главниот град на Германија, Берлин, за да учествува на „Берлинската конференција“. Приоритетни точки на дневниот ред на конференцијата ќе бидат прекинот на огнот во Либија којшто стапи на сила по иницијативите на Турција и случувањата во Источниот Медитеран. Земјите учеснички на конференцијата, ќе разменат мислења за доведување во трајна состојба на прекинот на огнот и во рамките на потрагите за изнаоѓање политичко решение на кризата во Либија.

„Заинтересираност кај странците кон Канал Истанбул“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хабертурк“, кадешто им се одделува место на изјавите на министерот за транспорт и инфраструктура Џахит Турхан кој рече дека годишниот нето износ на сумата пари којшто ќе се наплаќа за поминување на бродовите низ  Канал Истанбул ќе изнесува најмалку една милијарда долари. Велејќи дека во врска со проектот Канал Истанбул пројавуваат интересирање компании од Холандија, Белгија и Франција, Турхан објасни зошто постои потреба за изградба на Канал Истанбул. Министерот за транспорт и инфраструктура Џахит Турхан истакна дека Истанбулскиот теснец „Босфорот“ е воден пат којшто се користи во меѓународниот поморски транспорт и дека е подложен на интензивен поморски сообраќај.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „12 месечниот суфицит на тековната сметка изнесува 2 милијарди 725 милиони долари“, пишува дека и покрај тоа што во пресметките на тековните трансакции во ноември 2019 година  се појави дефицит од 518 милиони долари, заедно со последните соопштени податоци суфицитот на тековната сметка за 12 месеци изнесува 2 милијарди 725 милиони долари. Нето приходите коишто произлегуваат од туристичките патувања, во споредба со ноември 2018 година се зголемија за 177 милиони долари и достигнаа до 1 милијарда 414 милиони долари.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Истоварување во Африка од министерката за трговија Рухсар Пекџан“ информира дека министерката за трговија Рухсар Пекџан заедно со делегацијата во нејзина придружба денеска ќе ја посети Нигерија и ќе ги подотвори вратите на новите можности за соработка. Министерката Пекџан за време на нејзината посета на главниот град на Нигерија, Абуџа, ќе  биде придружувана и од турски стопанственици кои располагаат со трговски и инвестициски врски со африканските земји. Министерката за трговија Рухсар Пекџан по разговорите во Нигерија, оттука ќе замине за главниот град на Мароко, Рабат, каде што на 15 јануари ќе учествува на Мароканско-турскиот форум за инвестиции и деловна средина и на Состанокот на заедничкиот мароканско-турски комитет. 

 



Слични вести