Турски печат 06.01.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1335145
Турски печат 06.01.2020

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Повик за воздржаност до САД и Иран“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој истакна дека треба да се намали затегнатоста до којашто дојде по убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани од страна на САД и упати повик до страните за воздржаност. Претседателот Ердоган синоќа беше гостин во специјалната програма на еден приватен телевизиски канал кадешто го рече следното: „Оваа затегнатост треба да се стави под контрола пред да дојде до точка од којашто ќе претрпат штета сите страни.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Чавушоглу разговараше со својот катарски колега“, информира дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со катарскиот министер за надворешни работи Шеик Мухамед бин Абдурахман Ал Тани. Според добиени информации од дипломатски извори, двајцата министри за надворешни работи во телефонскиот разговор се осврнале на убиството на генералот Касим Сулејмани, командантот на Силите „Кудс“ поврзани со Иранската Револуционерна гарда.

„Остра осуда од Министерството за надворешни работи“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Ватан“, кадешто се истакнува дека Турција го осуди нападот на силите на Хафтар врз военото училиште во либискиот главен град Триполи. Во објавеното од страна на Министерството за национнална одбрана се истакнува следното: „Остро го осудуваме нападот врз военото училиште во Триполи. На нашите загинати браќа Либијци во нападот им посакуваме милост од Аллах, а на ранетите им посакуваме побрзо оздравување.“ 

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Министерството за национална одбрана: Двајца терористи кои избегале од Сирија се предадоа“, пишува дека двајца терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ кои избегале од местата за засолнување во северниот дел на Сирија се предадоа во пограничната станица во населеното место Суруч кај градот Шанлиурфа. Во објавеното соопштение од страна на Министерството за национална одбрана се истакнува дека продолжуваат бегствата од сепаратистичко-терористичката организација ПКК и се вели следното: „Уште двајца терористи на ПКК/ЈПГ кои избегале од местата за засолнување во Сирија, се предадоа во пограничната станица во Суруч кај Шанлиурфа.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Бугарските и грчките туристи кои навалија во Едирне оставија 270 милиони евра“, информира дека минатата година во градот Едирне за шопинг дојдоа 2 милиони 736 илјади 865 бугарски и грчки туристи. Претседателот на Трговската и индустриска комора на Едирне Реџеп Зипкинкурт истакна дека 2019 година помина мошне блескаво за Едирне и го рече следното: „Беше обезбеден придонес за економијата на земјата во износ од 270 милиони евра. Нашата цел за оваа година, е да пречекаме 5 милиони грчки и бугарски туристи.“



Слични вести