Турски печат 31.12.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците вио своитте денешни изданија овде во Турција...

1332237
Турски печат 31.12.2019

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Ердоган: Почнавме да ги добиваме порачките за автомобилот на Турција“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој истакна дека Турција веќе нема да е само пазар за новите технологии, туку е дојдена во положба на земја која ги произведува овие нови технологии, ги проширува низ светот, ги поставува своите стандарди и Таа е одлучна на овој план. Истакнуваќи дека почнаа да се добиваат порачките за автомобилот на Турција, Ердоган рече: „Овој проект за нашата земја располага со визија многу повеќе од производство на автомобил.“

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Разликата на домашниот автомобил од другите“, информира дека првиот од раѓање електричен автомобил на Турција кој ќе излезе на пазар во 2022 година, е со нула емисија на штетни гасови, умен автомобил и со батерија со домен од 500 километри. Од Истанбул за Измир ќе може да патува со трошоци од под 10 турски лири (приближно 1,5 евра). Овој автомобил СУВ освен со овие новини ќе премине пред своите ривали и со други свои карактеристики како што се најдолго меѓуоскино растојание, најширок внатрешен дел, најдобар перформанс на забрзување и со најниски вкупни трошкови на производство.

„Довербата кон економијата на врвот на приближно 1,5 години“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Стар“, кадешто се истакнува дека под влијанието на шпекулативните напади во втората половина на минатата година врз курсот, геополитичките случувања и глобалните трговски војни, индексот на економска доверба во октомври во 2018 година опадна до некаде околу 75,2 отсто. Потоа пак, со позитивното влијание на мерките коишто ги презеде владата и економската управа, како и применуваните политики, беа забележани позитивни случувања во показателите. Така индексот на економска доверба во месец декември 2019 година, во споредба со минатиот месец ноември со раст од 2,4 отсто, а во споредба со истиот месец декември минатата година со раст од 11,8 отсто, се искачи на врвот на приближно 1,5 години на 93,8 отсто.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Пристигна нов рекорд во туризмот“, пишува дека во  периодот јануари-ноември во 2019 година во споредба со истиот период од 11 месеци минатата (2018) година, со раст од 14,31 отсто Турција ја посетија вкупно 42 милиони 910 илјади 408 странски посетители. Во месец ноември пак, во споредба со истиот месец минатата година, бројот на странски посетители со раст од 11,41 отсто изнесуваше 2 милиони 190 илјади 622 лица. Со тоа е согледано дека, Турција на еден месец пред крајот на оваа година достигна до вкупно 48 милиони 46 илјади посетители и со тоа се доближи до постигнување на целта од 51 милион туристи.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Турција го продолжува своето лидерство на пазарот на картички во Европа“, информира дека 2019 година во Турција беше година на позитивен раст во плаќањата со картички. Вкупниот број на картички заклучно со крајот на ноември достигна до 234 милиони. Со тоа, Турција на пазарот на кредитни картички во Европа е на првото место пред Англија, а на пазарот на банкарски картички на прво место пред Германија. Плаќањата со кредитни картички на крајот на 2019 година со раст од 17 отсто се предвидува да достигне до износ од 841 милијарда турски лири. Во истиот период, плаќањата со банкарски картички пак, со годишен раст од 36 отсто ќе се зголеми на 134 милијарди турски лири. 

 



Слични вести