Турски печат 26.12.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1329775
Турски печат 26.12.2019

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Ердоган: Ако Либија побара да испратиме војска ќе ја прифатиме оваа покана“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој вчера престојуваше во ненадејна посета на Тунис овде истакна дека треба да се воспостави прекин на огнот во Либија и даде порака со поддршка на меѓународно признатата Влада на национално единство на Либија на чело со Фајез ал Сараџ.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Турски тек подготвен за протек на првиот гас: На 8 јануари ќе се одржи свечено отворање“, информира дека гасоводот Турски тек во должина од 935 километри низ кој рускиот гас преку Црното Море и Турција ќе се испорачува за Европа, е подготвен за протек на гас. Природниот гас којшто пристигнува од Русија чека спремен во терминалот Кијиќој. Воедно е завршен и изграден до границата со Бугарија и делот којшто поминува по копно за втората линија. Официјалната церемонија за ставање во примена на проектот се планира да се одржи на 8 јануари во Истанбул. На оваа церемонија се очекува да присуствуваат претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин.

„Воена реформа од Турција за Грузија во износ од 100 милиони лири“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Стар“, кадешто се истакнува дека министерот за национална одбрана Хулуси Акар и грузискиот министер за одбрана Иракли Гарибашвили потпишаа договор за воена и финансиска соработка помеѓу владите на Турција и Грузија. Договорот за логистичка поддршка предвидува доделување на 100 милиони лири  (приближно 17 милиони долари) од Турција на грузиското министерство за одбрана.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Возбуда на врвот за домашниот автомобил“, информира дека со голема заинтересираност се очекува изгледот на домашниот автомобил. Од страна на Иницијаторската група за автомобил на Турција преку социјалната мрежа Твитер се споделени фотографии со изгледот на предниот браник и дифузерот на домашниот автомобил. На споделените фотографии е виден дифузерот во облик на лале, а се појави и силуетата на предниот браник. Претходно преку Твитер беа објавени фотографии со дизајнот на фаровите, а потоа беа прикажани А столбот, огледалата и таванските носачи. Иницијаторската група за автомобил на Турција, пред претставувањето на 27 декември, ќе продолжи да ги објавува деталите во врска со домашниот автомобил.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Економските показатели на Турција за 2020 се позитивни“, пишува дека преземените мерки во турската економија се одразија и на макроекономските показатели. Растат очекувањата дека ќе се доживеат позитивните случувања во економијата во 2020 година.  Економскиот раст во 2020 година се има за цел да изнесува на нивно од 5 отсто. Додека се преиспитува доверливоста за прогноза на меѓународните институции кои како во последните години така и во 2019 година направија значајни ревидирања во очекувањата во однос на Турција, внимание привлече тоа што Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Светската банка и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) се обединија во ставот дека Турција во 2020 година ќе оствари раст од 3 отсто.


Тагови: #Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) , #Светската банка , #Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) , #ревидирања , #меѓународните институции , #прогноза , #доверливоста , #економијата , #макроекономските показатели , #турската економија , #позитивни , #економските показатели , #Сабах , #огледалата , #таванските носачи , #А столбот , #дизајнот на фаровите , #дифузерот во облик на лале , #дифузерот , #предниот браник , #Твитер , #Иницијаторската група за автомобил , #домашниот автомобил , #Хурријет , #воена и финансиска соработка , #логистичка поддршка , #Иракли Гарибашвили , #Хулуси Акар , #Стар , #Тунис , #ненадејна посета , #испратиме војска , #Либија , #Хабертурк , #Владимир Путин , #Реџеп Тајјип Ердоган , #Грузија , #официјалната церемонија , #Истанбул , #Турски тек , #гасоводот Турски тек , #рускиот гас , #природниот гас , #БУгарија , #Турција , #протек на првиот гас , #првиот гас , #Јени Шафак , #Фајез ал Сараџ

Слични вести