Турски печат 20.12.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1326589
Турски печат 20.12.2019

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Турција ќе формира заеднички систем на плаќање со три земји“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој на Самитот во Куала Лумпур, во Малезија, на кој беа претставени приближно 20 муслимански земји, истакна дека продолжуваат работите за алтернативен систем на плаќање меѓу Турција, Кина, Русија и Бразил. Со овој метод, ќе се стави крај на шоковите и манипулациите на финансиските пазари предизвикани од американскиот долар.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Пофалба од малезискиот премиер Махатхир за турската одбранбена индустрија“,  информира дека малезискиот премиер Махатхир Мухамед на Самитот во Куала Лумпур привлече внимание на примерот со Турција во сферата на националното производството. Малезискиот премиер Махатхир рече: „Моментално кога ќе погледнеме кон Турција по прашањето на производството, Турција напредува во одбранбената индустрија. Малезија учи многу работи од Турција во оваа сфера.“

„Во Сиирт пронајдени нафтени резерви од 11,2 милиони барели“ гласи насловот на страниците на весникот „Ватан“, кадешто се истакнува дека во период кога Турција ги продолжува своите активности за истражување на природен гас во морето, од друга страна се интензивирани активностите за истражување на нафта и внатре во границите на земјата. Во тие рамки, беа започнати активностите за истражување нафта во лежиштето Демиркују-1 во населеното место Курталан кај градот Сиирт. На крајот од овие истражувања е пронајдено нафтено лежиште со резерви од 11,2 милиони барели нафта. 

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Рекорд на сите времиња во нафтата, џиновски придонес на економијата“, им одделува место на изјавите на министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез кој истакна дека Турската нафтена компанија „ТП“ го долови нивото од 50 илјади барели нафта кон кое се целеше во домашното производството во оваа година. Министерот Фатих Донмез рече: „Во месец декември пак, со вкупно производство од 150 илјади барели внатре во земјата и во странство, е постигнат рекорд на сите времиња.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Турција на седмото место за работа и живеење меѓу 163 земји“, пишува дека една финансиска институција со седиште во Велика Британија ги соопшти резултатите од истражувањето „Expat Explorer“ спроведено со испитување на мислењето на над 18 илјади странски граѓани од 163 земји. Според резултатите од ова истражување,  62 отсто од странците кои работат во Турција истакнаа дека квалитетот на животот во Турција е многу подобар во споредба со нивните земји.



Слични вести