Турски печат 16.12.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1323757
Турски печат 16.12.2019

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Ердоган: Ќе ги соопштиме пред јавноста масакрите коишто ги има извршено Западот“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој рече дека извршениот масакр од страна на Соединетите Американски Држави (САД) против Индијанците претставува црна дамка за САД. Претседателот Ердоган синоќа беше гостин во специјалната програма на еден приватен телевизиски канал кадешто истакна дека не е можно да се остават настрана масакрите коишто ги извршија Французите во Руанда, во Алжир и трговијата со робови во Сенегал. Нагласувајќи дека Турција располага со документација во врска со овие масакри, претседателот Ердоган рече: „Сето тоа ќе го соопштиме пред јавноста. Ќе го изнесеме тоа дека Западот располага со расистичка и колонизаторска историја.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Чавушоглу: Ако пристигне барање за војска од Либија, ќе го разгледаме“, пишува дека како што истакна министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу со Либија се потпишани два меморандуми за разбирање, од кои едниот се однесува на разграничувањето на сферите на надлежност во морето, а вториот е наново потпишување на претходно постигнатиот договор за воена соработка, со негово ажурирање. Потсетувајќи дека и во минатото постоеја договори за воена и безбедносна соработка со Либија, Мевлут Чавушоглу соопшти дека доколку пристигне барање за војска од Либија, тоа може да се разгледа.  

„Министерот Акар: Ако не можеме да земеме од САД Ф-35, ќе се усмериме кон нови алтернативи“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хурријет“ кадешто се истакнува дека министерот за национална одбрана Хулуси Акар направи проценка на исклучувањето на Турција од проектот на борбените авиони од страна на Соединетите Американски Држави (САД), коешто следеше откако Турција ги купи противвоздушно одбранбените системи С-400 од Русија. Министерот Акар истакна дека онака како што Турција откако САД не и дадоа ракетни системи Патриот оваа своја потреба ја намири од Русија, на ист начин може да се оди кон други алтернативи за обезбедување на своите потреби и од борбени авиони.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Едно по друго критични потези од Турција во Источниот Медитеран“ информира дека во период кога расте тензијата во Источниот Медитеран во врска со споделувањето на енергетските извори, од Турција пристигнуваат едно по друго критични потези. Турција која ги испрати своите бродови за дупчење и своите воени бродови во регионот и ја определи својата поморска граница со Либија, сега формира база за беспилотни летала во Турската Република Северен Кипар (ТРСК). Аеродромот Гечиткале во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) ќе стане „окото“ на Турција во Источниот Медитеран.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Јужнокорејските фирми сакаат да инвестираат во Турција“ пишува дека генералниот конзул на Јужна Кореја во Истанбул Џесу Џеунжу Јанг изјави дека поради тоа што Турција претставува мост помеѓу Азија и Европа големите фирми на Јужна Кореја сакаат да инвестираат во Турција. Велејќи дека со секој поминат ден расте бројот на туристите кои од Јужна Кореја доаѓаат во Турција, Јанг напомена дека минатата година Турција ја посетија 160 илјади јужнокорејски туристи и дека оваа година очекуваат оваа бројка да изнесува над 200 илјади.



Слични вести