Турски печат 12.12.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1322007
Турски печат 12.12.2019

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Остри зборови од претседателот Ердоган: Тоа става до знаење дека е создадена една вампирска заедница“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ертдоган кој изнесе многу остри зборови во врска со Нобеловата награда. Ердоган рече: „Доделувањето на Нобел за еден цивилизиран свет, на еден претставник на оваа вампирска група интелектуалци, става до знаење дека речиси е создадена една вампирска заедница. Оваа организација по име Нобел не може да се оцени како организација која доделува праведни и правични награди. Таа е во потполност политизирана организација. Овие награди коишто ги доделувате вие нема да убедат никого. Овие награди не се како доделените награди на еден Азиз Санџар, на еден Орхан Памук. Не можете да измамите никого.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Изјави од министерот за надворшени работи Чавушоглу“, информира декаминистерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу вчера даде изјави во однос на актуелниот дневен ред и истакна дека договорот со Либија е постигнат во согласност со меѓународното право. Велејќи дека со Либија можат да се реализираат и сеизмички истражувања и дупчења (сондажи), Чавушоглу рече: „Никој не може да реализира активности во нашиот континентален гребен без дозвола. Ако се влезе без дозвола во нашиот континентален гребен, ќе го спречиме тоа.“

„Порака од Хулуси Акар за С-400: Нема откажување“ гласи насловот на страниците на весникот „Хабертурк“, кадешто се истакнува дека министерот за национална одбрана Хулуси Акар вчера уште еднаш повтори дека нема враќање назад од противвоздушно одбранбениот систем С-400. Министерот Акар рече: „Какво решение би можеле да изнајдеме во присуство на овој систем, треба да стоиме на тоа.“  Нагласувајќи дека обуката на воениот персонал се планира да заврши до крајот на годината, Хулуси Акар рече дека системот ќе биде доведен во оперативна (функционална) состојба, напролет во 2020 година.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Оваа година во извозот на машини на Турција се очекува раст од 10 отсто“, информира дека генералниот секретар на Унијата на производителите на машини (МИБ) Сефа Садик Ајтекин истакна дека во извозот во секторот на машини оваа година, во споредба со минатата година, се очекува раст од 10 отсто. Ајтекин рече: „За оваа година ќе ја доловиме бројката од 18,5 милијарди долари. Во споредба со минатата година постои раст од близу 10 отсто.

Весникот „Јени Шафак“ во текстот под наслов „Сметката во тековните трансакции во октомври со вишок од 1 милијарда 549 милиони долари“, пишува дека од страна на Централната банка на Република Турција (ТЏМБ) беа соопштени податоците за балансот на плаќање во врска со октомври 2019 година. Според тоа, во тековните трансакции во октомври е остварен суфицит (вишок) од 1 милијарда 549 милиони долари и тековниот вишок за 12 месеци изнесува 4 милијарди 336 милиони долари. 

 



Слични вести