Турски печат 11.12.2019

Еве ги позначајните вести за кои изветсуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1321396
Турски печат 11.12.2019

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Ердоган: Нобел се исцрпи себе си“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган покажа реакција против доделувањето на Нобеловата награда за литература за 2019 година на австрискиот писател Петер Хандке кој е познат по тоа што го негира геноцидот во Сребреница и застанува во одбрана на воените злосторници. Велејќи „Нобел се исцрпи. За мене Нобел нема никаква вредност.“, претседателот Ердоган рече дека доколку нему му биде доделена Нобелова награда, нема да ја прими.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Ердоган: Ако побара Либија, можеме да испратиме војници“, исто така им оделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој вчера учествуваше на програмата на тема „Секој човек, еден свет“ што се одржа на Универзитетот Билкент во Анкара, а по повод одбележувањето на 10 декември, Денот на човековите права. Овде претседателот Ердоган одговараше на прашањата на студентите и на едно поставено прашање „Дали Турција ќе испрати војска во Либија? “ одговори со зборовите: „Ако постои барање, ќе го направиме неопдхоното, не постои препрека за тоа.“

„Започна одбројувањето за Турски тек“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Јени Шафак“, каде што се истакнува дека остана помалку од еден месец за церемонијата за којашто се планира да се одржи во Истанбул со учество на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин, а по повод свеченото отворање на проектот на гасоводот Турски тек со којшто природниот гас од Русија преку Турција ќе се испорачува за Европа. Церемонијата на свечено отворање на гасоводот Турски тек се планира да се одржи на 8 јануари 2020 година во Истанбул, со учество на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Текнофест 2020 ќе се одржи во градот Газиантеп“, пишува дека во врска со третиот по ред Текнофест кој што се организира од страна на Фондацијата на Тимот за технологија на Турција (Фондацијата Т3), а со цел развој на воздухопловството и науката во Турција пристигна соопштение од Селчук Бајрактар, техничкиот директор на компанијата „Бајкар“. Селчук Бајрактар на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер напиша дека Текнофест, фестивалот за национален технолошки потег, во 2020 година ќе се одржи во Газиантеп, градот Газија (ветеран) на народноослободителната борба. Така Текнфоест 2020 ќе се одржи во периодот од 22 до 27 септември во градот Газиантеп.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Рекорди по ред од Борса Истанбул (Borsa İstanbul)“, информира дека вчера акциите на Истанбулската берза (ИБ) се искачија до 109.378 поени и го соборија рекордот во последните 20 месеци. Аналитичарите предвидуваат дека индексот којшто се искачи на највисоко ниво од април 2019 година наваму, би можел да достигне дури и до ниво од 111.200 поени.



Слични вести