Турски печат 10.12.2019

Еве ги позначанјните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1320691
Турски печат 10.12.2019

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Истанбул, единствената платформа којашто ги состанува заинтересираните страни во врска со Авганистан“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој вчера во Истанбул изјави дека во Азија мора да постои регионална соработка и солидраност. Велејќи дека од Авганистан и Иран преку Турција постои мошне сериозен бегалски бран, Ердоган напомена дека занемарувањето на Авганистан може да доведе до непоправливи проблеми. Претседателот Ердоган рече: „Треба да го поддржуваме Авганистан во секоја сфера, во секој период во кој се наоѓа. Срцето на Азија-Истанбулскиот процес е единствената платформа којашто ги состанува заинтересираните страни во врска со Авганистан.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Макрон кој упатува зборови против исламот, не може да ги сопре ниту протестите во својата земја“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој покажа реакција против францускиот претседател Емануел Макрон, за кого рече дека е во обид да ги доведе еден покрај друг исламот и тероризмот. Велејќи дека зборот „ислам“ значи мир, Ердоган рече: „Кога го прашуваме (Макрон) како ги поставуваш еден покрај друг мирот и тероризмот? молчи пред нас.“ Претседателот Ердоган воедно додаде дека францускиот претседател Емануел Макрон не може да ги сопре ниту протестите во својата земја.

„Турција во Источниот Медитеран ќе издупчи уште пет бунари“ гласи насловот на страниците на весникот „Хабертурк“, каде што им се одделува место на зборовите на потпретседателот Фуат Октај кој истакна дека ќе продолжи да се следи активна стратегија во активностите за истражување нафта и природен гас во Источниот Медитеран. Велејќи „Со нашите национални бродови ќе отвориме уште 5 бунари“, Фуат Октај истакна дека Турција нема да отстапи од своите права и интереси во Источниот Медитеран и во околината на Кипар. 

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Тешко прашање до Западните земји: Доколку ЈПГ си ја гледа својата работа во Сирија, што значат тунелите коишто се протегаат кон Турција“, информира дека главната советничка на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ѓулнур Ајбет, во интервју со познатата новинарка Кристијана Аманпур на американскиот телевизиски канал „СНН Интернешнл“ („CNN International“),  покажа реакција на тоа што ЈПГ од страна на НАТО сојузниците не се признава за терористичка организација. Ѓулнур Ајбет рече: „Само во една област во северниот дел на Сирија кадешто реализиравме операција потрупавме 465 тунели коишто ги ископале. Тоа се тунели коишто од Сирија се протегаат кон нашата земја.“ Познатата новинарка на „СНН Интернешнл“ („CNN International“) Кристијана Аманпур не можеше да одговори на прашањето на Ѓулнур Ајбет, која ја запраша „Ако е така како што велите, ако она коешто тие (ПКК/ЈПГ) го прават е тоа дека си ја гледаат својата работа, зошто копаат тунели кон внатрешните делови на нашата земја?“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Областа на Кападокија достигна до рекорден број посетители“, пишува дека музеите во областа Кападокија, едниот од познатите туристички центи на Турција со своите интересни конусни форми наречени Самовилски оџаци, долините со неприкосновена убавина, прошетките со балон со топол воздух и подземните градови, за 11 месеци оваа година се посетени од страна на рекордни 3 милиони 662 илјади 591 турист. Музеите и археолошките локалитети коишто се наоѓаат во областа Кападокија, само во месец ноември годинава ги посетија 370 илјади 482 туристи.



Слични вести