Турски печат 09.12.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1319919
Турски печат 09.12.2019

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Претседателот Ердоган: Турција 13-та најголема економија во светот“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој во одржаниот говор вчера во Истанбул истакна дека Турција која е членка на Групата Г-20 составена од 20-те најразвиени индустријализирани земји во светот, според паритетот на куповна моќ е 13-та најголема економија во светот. Претседателот Ердоган рече: „На списокот на земјите кои привлекуваат најголеми директни странски инвестирања во светот, се искачивме за уште 4 места погоре. Директните инвестиции коишто доаѓаат во Турција достигнаа до 13 милијарди долари. Станавме една од земјите кои привлекуваат најголеми странски инвестиции во светот.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста пдо наслов „Порака со сочувство од Турција до Индија: Го изразуваме нашето искрено сочувство“, пишува дека Турција го изрази своето жалење поради загинатите во пожарот што се појави во една фабрика во главниот град на Индија, Њу Делхи. Во објавеното соопштение од турското Министерство за надворешни работи се истакнува следното: „Го изразуваме нашето сочувство до индискиот народ и владата, како и до блиските на загинатите во катастрофата.“

„За 11 месеци од аеродромите во Истанбул патуваа приближно 96 милиони патници“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хурријет“, кадешто се истакнува дека според податоците на официјалната интернет страница на Генералната дирекција на Државната управа на аеродроми (ДХМИ), во периодот од јануари до ноември оваа (2019) година бројот на патници кои патуваа од аеродромите во Истанбул, во споредба со истиот период од 11 месеци минатата (2018) година, се зголеми за 1 милион 235 илјади 632 лица и достигна до 95 милиони 988 илјади и 89 авиопатници.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Истоварување во Кувајт од одбранбените гиганти“, информира дека на Саемот за одбрана и воздухопловство во Заливскиот регион „GDA 2019“ кој ќе се одржи од 10 до 12 декември во Кувајт, Турција ќе учествува со 20 компании кои делуваат во одбранбениот и воздухопловниот сектор, а под координација на Управата за одбранбена индустрија во претседателскиот кабинет и со поддршка на Унијата на извозниците за одбранбена и воздухопловна индустрија. 

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Еџзаџибаши ВитрА го освои второто место во светот“, пишува дека турската женска одбојкарска екипа Еџзаџибаши ВитрА во финалето на ФИВБ Светскиот куп во одбојка за жени изгуби од италијански Имоко Волеј со 3:1 во сетови и освојувајќи го второто место се закити со сребрен медал.



Слични вести