Турски печат 06.12.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

Турски печат 06.12.2019

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Ердоган зборуваше за новинарите во Велика Британија: Вториот Четирилатерален самит во Истанбул“, пишува дека според објавеното соопштение вчера од страна на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Лондон, во Велика Британија, зборуваше за новинарите. Ердоган рече: „Одлучивме Четирилатералниот самит да го одржуваме најмалку еднаш годишно. Вториот самит е во февруари во Истанбул. Постигнавме меѓусебна одлука за тоа.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Предупредување  од Чавушоглу до ОБСЕ, во врска со ФЕТО“, информира дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека лица и групи поврзани со Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) учествуваат на некои состаноци на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Министерот Чавушоглу рече: „Оваа терористичка група стои зад обидот за преврат во 2016 година со кој се имаше за цел да се сруши турската демократија.“ 

„Бројот на туристи во Истанбул го достигна врвот во последните 5 години“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Ватан“, кадешто се истакнува дека во Истанбул за 10 месеци оваа година дојдоа 12 милиони 690 илјади 576 странски туристи и дека тоа претставува најголема бројка на посетители во последните 5 години. Меѓу странските туристи кои го посетија Истанбул за 10 месеци годинава, на прво место со 965 илјади 115 посетители се наоѓаат Германците. 

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Отворена првата тест-инфрастрктура на вселенската радијација на Турција“, информира дека е отворена Распрсната пакет линија при Техничкиот универзитет Блиски исток (ОДТУ) која е карактеристична по тоа што е првата тест-инфраструктура на партикуларната радијација на Турција. Со проектот се има за цел да се намали зависноста на Турција од надвор во сателитските и вселенските студии.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Шефот на Канцеларијата за инвестиции при претседателскиот кабинет Ермут: Растат странските инвестиции во Турција“, им одделува место на изјавите на шефот на Канцеларијата за инвестиции при претседателскиот кабинет Арда Ермут кој истакна дека странските инвестиции во светот се намалуваат, додека во Турција се зголемуваат, и рече: „Секој во светот не располага со добра оценка колку Турција од аспект на инвестициите. Турција се разликува од аспект на можностите за инвестирање.“



Слични вести