Турски печат 04.12.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

Турски печат 04.12.2019

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Ердоган им ја подари на лидерите книгата 'Турција, силната членка на стратешкиот Сојуз' “, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на четирилатералниот самит за Сирија, во Лондон, главниот град на Велика Британија, кадешто престојува по повод Лидерскиот самит на НАТО, им ја подари на германската канцеларка Ангела Меркел, британскиот премиер Борис Џонсон и францускиот претседател Емануел Макрон книгата по име „Турција, силната членка на стратешкиот Сојуз“ која што е подготвена на 4 јазици од страна на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет. Во книгата, подготвена на турски, англиски, француски и германски јазик, се доставуваат детални информации во врска со придонесите коишто ги пружа и задачите кои ги презема Турција во Сојузот, како членка на НАТО.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Порака со доверба од Литванија за Турција“, информира дека литванскиот министер за надворешни работи Линас Линкевичиус изјави дека откако Соединетите Американски Држави (САД) се спротивставија на планот во кој сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК беше внесена како закана Турција не го одобри планот на НАТО за заштита на Балтичките земји, но напомена дека имаат доверба во Турција по ова прашање и дека продолжуваат разговорите во врска со проблемот.

„Катар ќе инвестира уште 7 милијарди долари во Турција“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хабертурк“, каде што се истакнува дека претседателот на катарскиот Финансиски центар Јусуф ал-Џаида соопшти дека неговата земја ќе продолжи да инвестира во Турција. Велејќи дека е остварено 35 отсто од ветувањето за инвестирање во износ од 10 милијарди долари и тоа не само во банкарскиот сектор, туку и во секторот на недвижнини во Турција, Џаида рече: „Има уште 7 милијарди долари коишто ќе течат кон Турција.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Истанбул, меѓу најсаканите метрополи во светот“, пишува дека од страна на британската институција за истражување на пазарите „Јуромонитор Интернешнл“ е објавен списокот на „најсакани метрополи во светот“. Од Турција на списокот се наоѓа и Истанбул. Во соопштението се привлекува внимание дека Истанбул, бројот на своите посетители го зголеми за 25,2 отсто и пречека 14 милиони 400 илјади странски туристи.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „На Саемот за алал во Турција изложуваа 50 земји“, информира дека седмиот Саем за алал производи на Организацијата за исламска соработка, како единствен саем за алал којшто се одржува во рамките на активностите на Организацијата за исламска соработка (ОИС) во периодот од 28 ноември до 1 декември, се одржа во Центарот за претстави и уметност Евроазија во Истанбул. Оваа година на Саемот за алал производи дојдоа приближно 40 илјади посетители, а учествуваа делегации од над 75 земји. На Алал Саемот учествуваа 50 земји со свои производи и штандови. На манифестацијата на која со учество на 270 готвачи од 10 земји се одржа и Меѓународен куп за готвачи, исто така беа доделени и награди во различни категории.



Слични вести