Турски печат 03.12.2019

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

Турски печат 03.12.2019

Весникот „Јени шафак“ во веста под наслов „на 8 јануари во Истанбул ќе се состанат претседателите Ердоган и Путин“ истакнува дека според писменото соопштение кое беше објавено од страна на рускиот претсде5таелски дворец Кремљ, на 8 јануари во Истанбул ќе се состанат претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган и претседателот на Русија Владимир Путин. Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ рече дека Путин и Ердоган во јануари 2020 година планираа да го отворат гасоводниот проект Турски тек со кој рускиот гас преку Црното Море и Турција ќе се пренесе во Европа. Во рамките на посетата на Путин се планира да се отвори гигантскиот проект.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Договорот со кој Турција стана соседна земја со Либија во Средоземното море“ истакнува дека на 27 ноември претседателот Реџеп Тајип Ердоган и претседателот на Владата на национално единство на Либија Фајез Али Сараж Дениз го потпишаа Договорот за ограничување на овластувања. Вршителот на должноста генерален директор за билатерални политички односи и определување на поморските и воздушните граници при Министерството за надворешни работи амбасадорот Чагатај Ерџијес преку социјалните медиуми ја сподели картата со која Турција и Либија станаа соседни земји во морето и со која се определени новите граници. Објавата на Џебеџи имаше ретвит од официјалниот профил на Министерството за надворешни работи на твитер.

Новинскиот веб сајт „Хабер Турк“ во веста под наслов „Турција ќе ги исполни должностите во НАТО“ го објавува соопштението на Министерството за национална одбрана. Пешадискиот полковник Олџај Денизер одговорен за промоција на Министерството за национална одбрана и односи со јавноста на прес конференцијата во зградата на министерството рече дека Турција како земја членка на Северноатлантската НАТО Алијанса од 18 февруари 1952 година, даде голем придонес во воспоставувањето на меѓународната безбедност и стабилност. Исто така и НАТО одигра значајна улога во воспоставувањето на безбедноста на нашата земја која секогаш ги исполни предвидените задачи и должности и ќе продолжи со исполнувањето на истите во рамките на Алијансата.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Продолжува да расте економскиот раст“ ја објавува изјавата на министерот за трезор и финансии Берат Албајрак кој рече дека Турција како резултат на позитивниот раст во третиот квартал, постигна економски раст од 0,9 насто. Албајрак во пораката преку профилот на твитер истакна дека според водечките индикатори од четвртиот квартал, ќе продолжи економскиот раст на Турција. Во тие рамки ќе продолжиме со активностите за зголемување на додадената вредност на индустријата и остварување предвидената цел од економски раст од 5 насто. Ќе се фокусираме кон интензивирање на инвестициите и зајакнување на производствениот и секторот за вработување“ рече Албајрак.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Светско познатиот економист Нуриел Рубини истана дека Турција ќе продолжи со позитивен раст“ ја објавува изјавата на светско познатиот економист Нуриел Рубини истана дека Турција ќе продолжи со позитивен раст. Турција произлезе од периодот на стагнација која беше предизвикана како последица на девизната криза и финансиските притисоци во втората половина на минатата година. Со поконкурентниот извоз се намали тековниот дефицит. Економијата на Турција ќе продолжи со позитивниот раст и претстојната година се очекува раст од 3 отсто“ рече Рубини.



Слични вести