Турски печат 02.12.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

Турски печат 02.12.2019

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Коментар од Чавушоглу за Канал Истанбул: Ќе се промени историјата“, им одделува место на изјавите на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој рече: „Тогаш кога ќе почнеме со ископување на Канал Истанбул ќе се промени историјата од аспект на поморството и сообраќајот во светот. Тоа ќе биде пресвртна точка.“ Чавушоглу на состанокот за Средоземноморската област на младинските ограноци на својата владејачка Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) што се одржа вчера во Анталија, воедно го истакна и тоа дека со јакнењето на Турција се променува и димензијата на проблемите коишто се појавуваат пред неја.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Министерството за национална одбрана: Се градат контролни пунктови на патиштата, против терористичките напади“ пишува дека Министерството за национална одбрана соопшти дека во северниот дел на Сирија се градат контролни пунктови на патиштата, против терористичките напади на терористичката организација ПКК/ЈПГ со возила бомби, со кои се цели против невините цивили.

„Министерството соопшти: Депоритиран“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Ватан“ кадешто се истакнува дека според објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи продолжува процесот на предавање на странските терористички борци на нивните матични земји. Во соопштението се вели дека во тие рамки вчера беше депортиран и предаден на неговата земја еден странски терористички борец со ирско државјанство.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Бројот на странски туристи достигна до 41 милион“ информира дека Турција за 10 месеци оваа година во споредба со истиот период минатата година со раст од 14,47 отсто пречека вкупно 40 милиони 719 илјади 786 странски посетители. За 9 месеци годинава, Турција ја беа посетиле 36 милиони 428 илјади странски туристи.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Историски успех од нашиот спортист со Даунов синдром Талха Ахмет Ердем“, пишува дека турскиот спортист со Даунов синдром Талха Ахмет Ердем на Светскиот шампионат во џудо за спортисти со Даунов синдром освои златен медал и ја освои првата титула светски шампион за Турција, во оваа сфера.



Слични вести