Турски печат 28.11.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1313810
Турски печат 28.11.2019

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Противење од Анкара на приговорот на Трамп за ПКК“, пишува дека поддршката којашто Соединетите Американски Држави (САД) ја даваат на ЈПГ/ПЈД, сирискиот продолжеток на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, доведе до криза во НАТО. Откако управата на американскиот претседател Доналд Трамп го изнесе својот приговор на планот на НАТО со којшто ПКК/ЈПГ/ПЈД се прифаќа за закана против Турција, официјална Анкара не го одобри безбедносниот план  на Алијансата кон Балтичките земји и Полска. 

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Турција многу зајакна за 10 години“,  им одделува место на изјавите на основачкиот претседател на публикацијата „Геополитикал Фјучрс“ и политиколог Џорџ Фридман кој истакна дека Турција за 10 години се стекна со голема сила. „Да се речеше пред 10 години дека 'Турција ќе седне на иста маса со САД и Русија и ќе располага со еднакво право на збор' немаше да се приклучиме кон тоа. После 10 години, денеска, се соочуваме со една поразлична Турција. Турција сега ја воспоставува безбедноста на своите граници, ги избира своите потенцијални сојузници.“ - рече Џорџ Фридман.

„Министерот Албајрак: Централната банка и државните банки ќе ја соопштат најголемата заработка во историјата“, гласи насловот на веста на страниците на весникот „Ватан“ кадешто им се одделува место на министерот за трезор и финансии Берат Албајрак кој рече: „Знаците за четвртиот квартал презентираат позитивна слика. Во четвртиот квартал надвор од очекувањата, ќе оствариме раст од 4 до 5 отсто. Централната банка и државните банки ќе ја соопштат најголемата заработка во историјата. Во 2019 година реализиравме извоз на 84 тони злато.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Според меѓународните институции за кредибилитет Турција ќе бележи позитивен раст“, пишува дека Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), меѓународните финансиски институции и институциите за кредибилитет, прогнозираат дека Турција 2019 година ќе ја затвори со позитивен раст. Податоците за процентот на искористување на капацитетот на производствената индустрија и индексот на доверба на реалниот сектор, како и податоците на индексот на доверба на потрошувачите, даваат силни знаци за позитивен раст. Според прогнозите, Турција во 2020 година ќе оствари раст од 3,5 отсто и повеќе.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „National Geographic ги избра најубавите дестинации за 2020 година, на листата се наоѓа едно место и од Турција“, информира дека светско познатото списание „National Geographic“ за своите читатели ја објави листата на „највозбудливите места коишто треба да се посетата во 2020 година“. На листата се наоѓа и Ѓобеклитепе кај градот Шанлиурфа во Турција. Ѓобеклитепе, е најстариот храм во светот којшто пристигнал до денеска со својот оригинален изглед. Се дефинира како откритие во својство на револуција, на историската сцена. Ѓобеклитепе, од страна на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО) е внесено и во списокот на Светското културно наследство.



Слични вести