Турски печат 26.11.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданије овде во Турција...

1312383
Турски печат 26.11.2019

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Заедничка декларација од Турција и Катар“, пишува дека за време на посетата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, на крајот на Петтиот состанок на Високиот стратешки комитет помеѓу Турција и Катар беше објавена заедничка декларација. Во оваа заедничка декларација е внесена заедничката одлука на Турција и Катар за стопирање на тероризмот во Сирија, воспоставување на мирот на Блискиот исток и за решавање на проблемите на Кипар и во Палестина.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Рускиот претседател Владимир Путин ќе допатува во посета на Турција“, информира дека портпаролот на претседателскиот дворец на Русија (Кремљ) Дмитриј Песков најави дека претседателот Владимир Путин во првите денови на јануари ќе престојува во посета на Турција. Во објавеното соопштение од страна на Песков, се истакнува дека рускиот претседател Путин ќе допатува во посета на Турција кадешто ќе учествува на церемонијата на свечено отворање на гасоводот Турски тек низ кој рускиот природен гас преку Турција ќе се испорачува за Европа. 

„Летови со национален софтвер: Контролата во небото преминува на МАРТИ“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Стар“, кадешто се истакнува дека во 2022 година ќе биде ставен во употреба софтверот МАРТИ, производен со целосно домашни и национални можности. Домашниот софтвер ќе биде вграден во секој авион и во секое беспилотно наоружано и ненаоружано летало, со што Турските вооружени сили (ТВС или TSK) ќе ја воспостават целосно контролата во воздух и на море. Местото на софтверот којшто се добива во оваа сфера од една француска фирма, ќе го заземе домашниот софтвер МАРТИ којшто располага со побрзи и посупериорни технички карактеристики.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Процентот на искористување на капацитетот во производствената индустрија на врвот во последните 15 месеци“, информира дека процентот на искористување на капацитетот во индустриското производство, во месец ноември во споредба со претходниот месец (октомври) со раст од 0,8 отсто се зголеми на 77,2 отсто. На тој начин процентот на искористување на капацитетот во месец ноември којшто од почетокот на годината досега достигна до највисоко ниво, ги зајакна и очекувањата за раст во индустриското производство.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Извоз на суво грозје во износ од 3 милиони долари од Маниса за Кина“, пишува дека турските производи почнаа да се претпочитаат во земјите од Далечниот Исток, и тоа и по својот вкус, и по квалитетот и по погодните цени. Така по неколкукратното зголемување на извозот на лешници за Кина, премина во раст и извозот на суво грозје во оваа земја. Турската фирма „Özgür Tarım“ (Слободно земјоделство) која во почетокот на месец ноември учествуваше на еден саем во Кина и која долги години се бави со извоз на суво грозје, седна на преговарачка маса со кинеската фирма „Cofco Sundry“, едната од најголемите фирми на оваа земја за увоз на храна. Согласно потпишаниот договор помеѓу овие две фирми, турската фирма за 2 години ќе оствари продажба на суво грозје на Кина во износ од 3 милиони долари.



Слични вести