Турски печат 14.11.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1306217
Турски печат 14.11.2019

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Ердоган: Ние немаме проблем со Курдите, проблемот е со терористите“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој за време на посетата на САД истакна дека не треба да се мешаат едни со други сепаратистичко-терористичката организација ПКК и нејзиниот сириски продолжеток ЈПГ, со Курдите. Претседателот Ердоган рече: „Ние немаме проблем со Курдите. Ние имаме проблем со терористичките организации. Кои се ЈПГ/ПЈД, тие се продолжетоци на ПКК. Терористот е терорист. Ако не водите борба утре цената за тоа ќе ја платите многу скапо.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Ердоган: Во безбедната зона би можеле да сместиме 1 милион бегалци“, информира дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, во Вашингтон, во врска со безбедната зона во Сирија ја изнесе следната констатација. „Во период од 6 месеци до 2 години би можеле да сместиме во безбедната зона 1 милион бегалци, а 1 милион би можеле да сместиме во подрачјата на Рака и Деир ез-Зор.“ Привлекувајќи внимание дека Турција има потрошено за сириските бегалци 40 милијарди долари, Ердоган рече: „Од Европа, за жал пристигнаа само 3 милијарди евра“. Американскиот претседател Доналд Трамп пак, истакна дека Турција е домаќин на 4 милиони бегалци и дека Европа веќе треба да преземе одговорност по прашањето на бегалците.

„Во Расулајн почнаа да се даваат јавни услуги“ гласи насловот на страниците на весникот „Стар“, кадешто се истакнува дека во рамките на операцијата Извор на мирот, во градот Расулајн во североисточниот дел на Сирија, кој е исчистен од сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ, почнаа да се даваат услуги како што се здравство, доставување на чиста вода и други јавни услуги.  Валијата на Шанлиурфа Абдуллах Ерин кој беше во посета на Расулајн рече дека за редовно доставување на јавните услуги и за да не дојде до одреден прекин во овие услуги, освен испратениот персонал од Турција, во овие активности се вклучени и Сиријци.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Берза Истанбул ќе ја зголеми тежината на турската лира“ им одделува место на изјавите на генералниот директор на Берза Истанбул Мехмет Хакан Атилла кој рече: „Фрливме значајни чекори за зголемување на тежината на нашата национална валута во финансискиот систем.“ Нагласувајќи дека Берза Истанбул претставува национална вредност и моќен бренд кој буди гордост, Атилла напомена дека со соопштенијата коишто ќе бидат објавени во наредните денови ќе бидат ддоставени информации во врска со применувања како што се нови девизни договори и вечерни трансакциски сесии.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Ќе инвестира 100 милиони долари во Турција“, информира дека претседателот на Советот за развој на надворешната трговија на Тајван Волтер Јех истакна дека Тајван ги зголемува своите инвестирања во Турција и рече: „Една наша фирма која се наоѓа меѓу најголемите произведувачи на челик на Тајван, почнува со инвестиции од 100 милиони долари во една фабрика за челик во Коџаели.“ Јех додаде дека помеѓу Тајван и Турција постојат можности за значајна соработка во електронскиот, автомобилскиот и индустрискиот сектор.



Слични вести