Турски печат 08.11.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

Турски печат 08.11.2019

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Голема заинтересираност на повикот на претседателот Ердоган“, пишува дека акцијата за посадување на 11 милиони дрвја којашто на 28 октомври беше соопштена од страна на Министерството за земјоделство и шумарство под слоганот „Стани здив за иднината“, наиде на голема заинтересираност. За неколку дена беше надмината целта за садење на 11 милиони 47 илјади 430 фиданки и бројот на засадени фиданки достигна до 12 милиони 915 илјади 319. Воедно и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган упати повик го граѓаните на 11 ноември точно во 11:11 часот во целата земјата да се спроведе акција за садење на фиданки.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „АНКА остана во воздух 26 часа и 30 минути и собори рекорд“, информира дека националното беспилотно летало (ИХА) „АНКА“ оствари непрекинат лет подолго од еден ден од точно 26 часа и 30 минути со што фрли потпис на еден нов рекорд. Беспилотното летало „АНКА“, исполнува задачи како што се извидување, набљудување, утврдување на фиксни/подвижни цели, собирање на разузнавачки снимки во реално време со цел утврдување, идентификација и следење и тоа деноноќно, вклучувајќи ги и лошите временски услови.  

„САД: Турција ќе почне да ги следи нашите авиони“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Стар“, кадешто се истакнува дека заменичката на потсекретарката за одбрана на САД Елен М. Лорд информира дека Турција наскоро со противвоздушно одбранбените системи С-400 кои ги купи од Русија ќе почне да ги следи авионите во регионот. Елен М. Лорд, на одржаниот брифинг во Пентагон одговараше на прашањата на новинарите и притоа изјави дека очекуваат противвоздушно одбранбениот систем С-400 на Турција кон крајот на годината да почне да функционира со полн капацитет.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Европската унија (ЕУ): Турската економија се опорави набрзина“, пишува дека Европската унија (ЕУ) во својот извештај за економски прогнози за есен 2019, привлече внимание дека по минатогодишната девизна криза заедно со финансиските стимулации и растот во извозот економијата во Турција се опорави побрзо од очекуваното. Во извештајот е внесена прогнозата дека турската економија во 2020 година ќе оствари раст од 3,1 отсто, а во 2021 година раст од 3,5 отсто.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Депозитите на милионерите за 9 месеци пораснаа за 145,4 милијарди лири“, пишува дека бројот на штедачите кои во своите сметки во банките имаат над 1 милион турски лири за 9 месеци се зголеми за 26.763 лица и нивните вкупни депозити се зголемија за 145,4 милијарди турски лири. Бројот на милионери на крајот на септември изнесува 206.889 лица, а нивните вкупни депозити изнесуваат 1 трилион 255 милијарди 273 милиони турски лири.



Слични вести