Турски печат 28.10.2019

Еве ги позначајните вести за кои известваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1295757
Турски печат 28.10.2019

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Порака од Ердоган за убиениот челник на терористичката организација ДЕАШ Багдади: Тоа претставува пресвртница“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во објавеното соопштение вчера го истакна следното: „Неутрализирањето на челникот на терористичката организација ДЕАШ претставува значајна пресвртна точка во борбата којашто ја водиме заедно со нашите сојузници, против тероризмот. Турција како досега, така и во иднина, ќе продолжи да придонесува во борбата против тероризмот.“

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Дојде време да се ликвидираат сите терористички водачи“, информира дека шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун во споделената објава на социјалната мрежа Твитер напиша: „На секој начин продолжуваме да работиме со нашите пријатели и сојузници, против тероризмот. Дојде време да се ликвидираат сите терористички водачи.“

„Меѓународниот аеродром Сабиха Ѓокчен го користеа 240 милиони патници“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Стар“, кадешто се истакнува дека терминалот на меѓународниот аеродром Сабиха Ѓокчен во Истанбул (İSG) од 31 октомври 2009 година кога беше ставен во услуга, за 10 години, го дочека 240 милиониот патник. Аеродромот Сабиха Ѓокчен кој секоја година го зголемува бројот на своите патници во 2018 година им пружаше услуга на 34 милиони 58 илјади патници, а во 2019 година оваа бројка се очекува да достигне до 36 милиони патници.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „За 8 месеци остварен извоз на крзно во 80 земји во износ од 100 милиони долари“, информира дека во периодот јануари-август оваа година, од Турција е остварен извоз на крзно во износ од приближно 100 милиони долари. На врвот на извозот во овој сектор се наоѓа Јужна Кореја со 16 милиони 780 илјади долари и тоа претставува 16 отсто од  вкупниот извоз којшто е остварен од Турција во оваа земја.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „17 златни медали од младите кревачи на тегови“, пишува дека Турција, Европско првенство во кревање тегови за јуниори и сениори под 23 години коешто се одржа во Романија, го заврши освојувајќи вкупно 38 медали од кои 17 златни, 8 сребрени и 13 бронзени.



Слични вести