Турски печат 25.10.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1294477
Турски печат 25.10.2019

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Ердоган: Тогаш кога ќе дојде време ќе бидат отворени овие врати за бегалците кон Европа“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган покажа реакција против предлогот на Генералното собрание на Европскиот парламент (ЕП) за воведување “зона на забранети летови“ во Сирија. Потсетувајќи дека овој предлог беше поставен на дневен ред од страна на Турција тогаш кога на сите четири страни на Сирија стотици илјади невини цивили го губеа животот под бомбардирањата на воените авиони на режимот и на другите сили, претседателот Ердоган рече: „Тогаш кога во врска со заминувањето во Европа на Сиријците кои се згрижени во Турција велам дека ќе ги отвориме вратите (Европејците) ги обзема паника. Немојте да паничете, тогаш кога ќе дојде време и овие врати ќе бидат отворени.“   

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Турција: Го одбиваме ставот на Европскиот парламент (ЕП)“, му одделува место на соопштението на турското Министерство за надворешни работи во кое во врска со нацрт одлуката на тема „Операцијата Извор на мирот“ којашто на 24 октомври 2019 беше усвоена во Европскиот парламент (ЕП), се вели следното: „Целосно го одбиваме ставот на Европскиот парламент (ЕП) во врска со операцијата Извор на мирот.“ Во соопштението на Министерството се додава и следното: „Наместо да презентира солидарност со Турција која води борба против тероризмот на ПКК/ПЈД/ЈПГ и ДЕАШ и илегалната миграција кои што произлегуваат од Сирија, Европскиот парламент претпочита да застане во услуга на агендата на една терористичка организација и да им верува на неоснованите тврдења.“

„Европа  во очајност поради тоа што остана надвор од масата во Сирија“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Јени Шафак“, каде што се истакнува дека Европските земји кои по воената интервенција на Турција со која беа променети равенките во Сирија и со постигнатите договори со САД и Русија, останаа надвор од овие равенки, се во потрага повторно да се вратат на масата. Европските земји кои со операцијата Извор на мирот зазедоа став против Турција, по успехот на Анкара на масата, најпрвин соопштија дека сакаат да разговараат со претседателот Ердоган, а потоа Германија соопшти дека ја поддржува безбедната зона. Според експертите, овие иницијативи претставуваат политичка маневра на Европските лидери кои останаа надвор од сириската равенка.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Џефри: Ердоган ни рече да се повлечеме, се повлековме“, им одделува место на изјавите на специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри кој во своето обраќање пред Комитетот за надворешни односи во Сенатот во извесна смисла призна и една работа во врска со операцијата Извор на мирот. На прашањето на сенаторот Ромни од Републиканската партија, „Односно, Ердоган му телефонираше на претседателот на САД, му рече 'ние доаѓаме, тргнете се пред нас' и ние веднаш се тргнавме, така нели?“, Џејмс Џефри одговори со зборовите „Во извесна смисла беше така. Нашите повлечени единици беа на местото од каде што ќе влезеа Турците. Тоа беше умен потег за да не останеме помеѓу два огна. Дури САД и да не се повлекоа, Турција ќе ја реализираше оваа операција.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Вработувањето за 3 години ќе се зголеми за 3,2 милиони лица“ им одделува место на изјавите на потпретседателот Фуат Октај кој истакна дека согласно Новата економска програма во наредните 3 години вработувањето ќе се зголеми за 3,2 милиони лица. Октај  напомена дека ќе продолжи со одлучност финансиската дисциплина и во наредниот период и дека се има за цел во 2022 година невработеноста да се намали на 9,8 отсто. 



Слични вести