Турски печат 23.10.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1292937
Турски печат 23.10.2019

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Историска спогодба во безбедната зона, помеѓу Турција и Русија“, пишува дека по САД е постигнат договор и со Русија. На средбата во Сочи помеѓу претседателот Реџеп тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин, е постигнат договор. Согласно тоа, во рок од 150 дена терористите припадници на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК заедно со своето оружје ќе излезат надвор од просторот од 30 километри од границата со Турција. Во овој простор ќе започнат турско-руски патролирања. 

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Министерството за национална одбрана: Нема потреба од нова операција“, информира дека Министерството за национална одбрана соопшти дека нема потреба од реализација на нова операција надвор од подрачјето на операцијата Извор на мирот во северниот дел на Сирија. Во соопштението се вели следното: „На крајот на дадениот рок од 120 часа од страна на САД е соопштено дека е завршено повлекувањето на ПКК/ЈПГ од областа.“

„Светската здравствена организација ги отрфли тврдењата за бомба со бел фосфор“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хурријет“, каде што се вели дека портпаролот на Светската здравствена организација (СЗО) Кристиан Линдмеиер информира дека фотографиите коишто од страна на приврзаниците на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во североисточниот дел на Сирија и некои западни медиумски институции беа прикажани како изгореници од бомба со бел фосфор, а со цел да се обвинува турската војска, биле фотографии коишто биле сликани од различни области на судири во Сирија. Линдмеиер рече дека ги следат одблизу приврзаниците на терористичката организација и ситуацијата во подрачјето.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Колумнистка на британски Де Тајмс: ПКК им наштетува на Курдите и Турците“, информира дека колумнистката на британскиот весник „Де Тајмс“ („The Times“) Сара Тор напиша дека терористичката организација ПКК/ЈПГ/СДФ е продолжеток на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во Турција, која за постигнување на своите цели се бави со тероризам. Сара Тор во својот напис воедно дава поддршка и на безбедната зона којашто ќе се формира во северниот дел на Сирија и нагласува дека лично ги видела штетата  и болката коишто ги причинува ПКК врз Турците и врз Курдите.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Турските вкусеви ќе бидат афирмирани во светот со телевизиските серии“, пишува дека се зголемува разновидноста на производите во туризмот. Во тие рамки, покрај здравствениот и верскиот туризам, и гастрономскиот туризам ќе го даде својот придонес за целта во туризмот во 2023 година за пречекување на 75 милиони туристи. Во турските телевизиски серии и филмови кои се гледат со заинтересираност во светот ќе бидат поставени производи од гастрономски специјалитети. Познатите специјалитети на турската кујна ќе бидат прикажани во телевизиските серии и ќе бидат афирмирани низ светот. На тој начин, со афирмирање на бројни локални специјалитети ќе се привлечат туристи во земјата.



Слични вести