Турски печат 17.10.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите днеешни изданија овде во Турција...

1289501
Турски печат 17.10.2019

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Изјава за операцијата од Ердоган: Нашата операција ќе продолжи од Менбич до ирачката граница“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа вчера на состанокот на пратеничката група на својата Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) во Собранието, даде значајни изјави. Претседателот Ердоган оттука даде критични пораки во врска со операцијата Извор на мирот којашто се реализира во североисточниот дел на Сирија и рече: „Нашата операција ќе продолжи од Менбич до ирачката граница.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Министерот Чавушоглу: Посакаа да формираат терористичка држава, ја расипавме играта“, информира дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу вчера ги информираше пратениците во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) во врска со операцијата Извор на мирот којашто ја започна Турција против терористичката организација во источниот дел на реката Еуфрат, во Сирија. Чавушоглу рече: „Причината поради која некои земји се вознемирени од операцијата Извор на мирот е тоа што е расипана нивната игра со која сакаат да формираат терористичка држава. Причината поради која толку многу не напаѓаат е разочараноста што ја доживеаја.“

„Портпаролот на претседателскиот кабинет Калин: Безбедната зона нема да и наштети на борбата против ДЕАШ“ гласи насловот на страниците на весникот „Ватан“, каде што се истакнува дека портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин во врска со операцијата Извор на мирот рече: „Безбедната зона којашто сака да ја формира Турција, воопшто нема да и наштети на борбата против терористичката организација ДЕАШ.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „И во операцијата Извор на мирот громовито одекнуваат хаубици 'Фиртина“ врз терористите“, информира дека хаубиците „Т-155 Фиртина“ кои одиграа ефикасна улога со погодување на терористичките цели со стопроцентна прецизност за време на операциите на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) Еуфратски штит и Маслиново гранче, се користат во стратешки задачи и во операцијата Извор на мирот. Хаубиците „Фиртина“ коишто се користат во неутрализирање на целите на терористичката ЈПГ/ПКК источно од реката Еуфрат, со истрели со стопроцентна прецизност стануваат страв и трепет за терористите.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Низ 'БТЏ' (Баку-Тбилиси-Џејхан) протекоа 3,3 милијарди барели нафта“, пишува дека од поморскиот терминал Хајдар Алиев во населеното место Џејхан кај градот Адана, последната станица на нафтоводот за сурова нафта „БТЏ“ (Баку-Тбилиси-Џејхан) од 2006 година досега со повеќе од 4.300 танкери се испорачани 3 милијарди 314 милиони 965 барели сурова нафта.



Слични вести