Турски печат 16.09.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1288906
Турски печат 16.09.2019

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Значајни изјави од Ердоган од Азербејџан“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на 7. Самит на Турксиот совет што се одржа во Баку, Азербејџан, даде значајни изјави во однос на актуелните случувања. Ердоган во врска со операцијата Извор на мирот рече: „Она коешто го доживеавме во последните 8 години во Сирија видовме дека со една терористичка организација не може да се уништи една друга терористичка организација. Затоа ја започнавме операцијата Извор на мирот. Заклучно со денеска исчистивме од терористите простор од приближно 1.000 квадратни километри.“ 

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Чавушоглу разговараше телефонски со својот американски колега Помпео“, информира дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу вчера оствари телефонски разговор со својот американски колега, државниот секретар Мајк Помпео. Не беа дадени информации во врска со содржината на телефонскиот разговор. Инаку, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со американскиот државен секретар Мајк Помпео и на 9 октомври кога беше започната операцијата Извор на мирот, источно од реката Еуфрат во североисточниот дел на Сирија.

„Одлука за операцијата Извор на мирот во заедничката декларација на лидерскиот самит на Турскиот совет“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хурријет“, каде што се истакнува дека во завршната декларација на 7. Самит на Советот за соработка на туркофонските земји (Турскиот совет) кој се одржа во главниот град на Азербејџан, Баку, е изразена поддршка на операцијата Извор на мирот.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Страв кај терористичката организација поради операцијата Извор на мирот: Го пробаат секој пат“, пишува дека додека успешно продолжува операцијата Извор на мирот на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија, се добиваат информации дека терористите членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ облечени во цивилна облека се мешаат меѓу цивилното население и се обидуваат да бегаат од подрачјето на операцијата.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов “Извоз за турските Републики во износ од 24,5 милијарди долари за 5 години“, информира дека од Турција во периодот од 2014 до 2018 година, за 5 години, е остварен извоз во турските Републики во Централна Азија во износ од 34 милијарди 519 милиони долари. Кога ќе се направи проценка на база на земји, земја во која е остварен најголем извоз од Турција е Азербејџан со 8 милијарди 889 милиони долари. 

 



Слични вести