Турски печат 15.10.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1288152
Турски печат 15.10.2019

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Сигнал од Ердоган за операција во Менбич“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по добиените успешни резултати во операцијата Извор на мирот којашто продолжува источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија, укажа и на подрачјето на Менбич. Ердоган рече: „Вистинските сопственици на Менбич се Арапите. Таму ќе влезат нашите арапски рбаќа. Нашиот приод по ова пршање е тие да влезат таму и да се воспостави безбедноста.“

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Ердоган покажа реакција против оние кои не ја гледаат борбата на Турција против тероризмот“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој истакна дека Западниот свет не ја гледа борбата на Турција против терористичките организации. Претседателот Ердоган рече: „Овој последен чекор што го фрливме е со единствена причина. Да се исчисти северниот дел од терористичките организации ПЈД/ПГ и ДЕАШ и тој дел да им се предаде на неговите вистински сопственици. Ние тоа го направивме во Ел Баб, неутрализиравме 3.500 членови на терористичката организација (ДЕАШ). Светот не го гледа тоа.“ Ердоган напомена дека не може да се објасни оваа дволичност.

„Документирана соработката на сепаратистичко-терористичките организации ПКК/ПЈД и ДЕАШ“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Стар“, каде што се истакнува дека во рамките на операцијата Извор на мирот целосно е спасено од терористите на ЈПГ/ПКК населеното место Тел Абјад во Сирија. Се појавија снимки од затворот во населеното место Тел Абјад од кадешто терористите на ЈПГ ги пуштија на слобода терористите припадници на ДЕАШ. На снимките се гледа дека затворот со терористите на ДЕАШ во Тел Абјад е празен. Затворот беше целосно испразнет од терористите, а внимание привлекоа отворените врати на затворот обиколен со високи ѕидови. 

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Трамп покажа реакција против телевизискиот канал 'ABC' кој врши манипулација во врска со операцијата Извор на мирот“, информира дека американскиот претседател Доналд Трамп, тоа што американскиот информативен канал „ABC“ видео снимките на кои се гледаат силни експлозии ги пласираше, емитуваше, како да се од операцијата Извор на мирот, кои пак инаку се снимени време на една презентација на оружје во 2017 година во САД, го окарактеризира како скандалозно. Трамп во објавата што ја сподели на својата сметка на социјалната мрежа Твитер, емитувањето на една лажна видео снимка на телевизискиот канал „ABC News“ го окарактеризира како „целосен срам“.  

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Турската воздухопловна индустрија своите производи ќе ги претстави во Јужна Кореја“, пишува дека Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) за прв пат ќе ги претстави своите производи на Меѓународниот саем за воздухопловство и одбрана во Сеул во Јужна Кореја кој ќе се одржи во периодот од 15 до 20 октомври. На саемот се очекува да будат голема заинтересираност особено хеликоптерите Ѓокбеј и Т129 АТАК. Овој саем ќе претставува значајна можност за развивање на билатералните односи со Јужна Кореја.



Слични вести