Турски печат 11.10.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1286097
Турски печат 11.10.2019

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Изјава од Ердоган за операцијата Извор на мирот“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера говореше на состанокот на претседателите на градските организации на својата владејачка АК Партија, во проширен состав. Ердоган, во врска со операцијата Извор на мирот којашто е започната против терористичките организации источно од реката Еуфрат, во Сирија, го рече следното: „Оние кои не ја гледаат окупацијата на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ во Сирија, во моментов ни префрлуваат, поради чекорот што го фрливме за единството на Сирија. Вие, тргнете се вака, настрана. Ние продолжуваме по нашиот пат.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Изјава за операцијата од Акар: Моралот на турските војници 'Мехметчик' е на многу високо ниво“, и одделува место на вчерашната изјава на министерот за национална одбрана Хулуси Акар во врска со операцијата Извор на мирот, во која рече: „Турските војници 'Мехметчик' продолжуваат да ја исполнуваат својата задача, со епска борба. Моралот на турските војници 'Мехметчик' е на многу високо ниво.“

„Министерството за национална одбрана: Терористите извршуваат напади криејќи се во училишта и болници“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Стар“, каде што се вели дека според соопштението на Министерството за национална одбрана, терористите на ПКК/ПЈД-ЈПГ кои се обидуваат источниот дел на реката Еуфрат да го доведат во состојба на терористички коридор, криејќи се во згради во кои живее цивилно население, во училишта и во болници, реализираат напади со хаубици и минофрлачи врз пограничните населени места на Турција. Во овие напади има загинати и ранети турски граѓани.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Туркиш Ерлајнс во септември достигна до пополнетост од 82,9 отсто“, пишува дека Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) во месец септември оваа година со 6,7 милиони патници достигна до процент на пополнетост од 82,9 отсто. Процентот на пополнетост на меѓународни линии во септември изнесува 82,5 отсто, а процентот на пополнетост во летовите на домашни линии достигна до 86,1 отсто.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Извозот на маслинки достигна до 142 милиони долари“, информира дека извозот на маслинки за појадок во сезоната 2018-2019 година споредено со претходната сезона со остварен раст од 11 отсто се зголеми на 142 милиони долари. Повеќе од половината од маслинките беа купени од страна на земјите на Европската унија (ЕУ).



Слични вести