Турски печат 07.10.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1282848
Турски печат 07.10.2019

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Претседателот Ердоган говореше на затворањето на кампот во Кизилџахамам“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган  вчера учествуваше на вториот ден и на затворањето на 29. консултационен состанок на својата владејачка АК Партија во населеното место Кизилџахамам кај Анкара. Претседателот Ердоган во својот говор меѓу другото употреби зборови кои што привлекоа внимание и во врска со безбедната зона за којашто се планира да се формира во северниот дел на Сирија и го рече следното: „Трамп е дојде на  точката на која укажуваме ние. Го постави на дневен ред повлекувањето од источниот дел на Еуфрат, меѓутоа оние околу него не се придржуваат кон неговата инструкција.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Заменик амбасадорот на САД повикан во Министерството за надворешни работи“, информира дека наиде на реакција чинот на однесување на Амбасадата на САД во Анкара од чија страна беше лајкувана скандалозната објава на Ергун Бабахан, член на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) во бегство, што ја сподели на социјалната мрежа Твитер, а во врска со здравствената состојба на лидерот на Партијата за национално движење (МХП) Девлет Бахчели. Заменик амбасадорот на САД во Анкара беше повикан во Минситерството за надворшени работи од кого беше побарано јасно објаснување од ваквиот начин на однесување. Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу во врска со случајот рече: „Заменик амбасадорот рече дека тоа било сторено по грешка. Ние побаравме јасно поправање на тоа.“ Шефот на Одделот за комуникации во кабинетот на претседателот, Фахреттин Алтун, исто така истакна дека американскиот државен секретаријат треба да го испита овој настан и да го направи неопходното во врска со одговорните. Портпаролот на владејачката АК Партија Омер Челик пак, рече дека настанот претставува обид за грозно мешање во внатрешните работи на Турција. 

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Од аеродромот Сабиха Ѓокчен во деветиот месец од годината помина 26 милионскиот патник“, пишува дека бројот на авиопатниците на меѓународни линии на аеродромот Сабиха Ѓокчен во Истанбул за 9 месеци годинава, во споредба со истиот период од 9 месеци во 2018 година, со раст од 20 осто достигна до 10 милиони 449 илјади патници, додека бројот на патници на внатрешни лиини изнесува 16 милиони 203 илјади. 

„Извоз од 2,6 милијарди долари од автомобилскиот сектор“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хабертурк“, каде што се вели дека турскиот автомобилски сектор со остварен извоз од 2,6 милијарди долари го достигна својот втор највисок перформанс во месец септември. Автомобилскиот сектор со дел од 18,5 отсто од вкупниот извоз, ја продолжува својата лидерска позиција во економијата на Турција.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Во Арслантепе пронајден скелет на дете, стар 5.700 години“, информира дека во ископувањата во археолошкиот локалитет Арслантепе на оддалеченост од 7 километри од градот Малатја, на западниот брег на реката Еуфрат, инаку место кое поради своето илјадници годишно минато е венсено во привремениот список на Светското наследство на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО), во една куќа од доцниот халколитски период, е пронајден скелет на дете за кој што се претпосатвува дека датира од пред 5.700 години. Од пронајдениот скелет биле земени примероци и истите биле однесени на анализа.



Слични вести