Турски печат 04.10.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат денешните весници во своите изданија овде во Турција...

1281677
Турски печат 04.10.2019

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Ердоган сподели порака во врска со Културниот фестивал Етноспор“ пишува дека претсердателот Реџеп Тајјип Ердоган сподели објава во врска со четвртиот Културен фестивал Етноспор кој што започна вчера во Истанбул и ќе трае до крајот на неделата. Претседателот Ердоган во споделената објава на својата сметка на социјалната медија Твитер напиша: „Нека биде ајирлија четвртиот Културен фестивал Етноспор кој одигрува една значајна задача како што е зачувување и пренесување на идните поколенија на нашите традиционални спортови и на нашата древна култура.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Плановите на Турција за безбедната зона се готови“, информира дека министерот за национална одбрана Хулуси Акар синоќа оствари телефонски разговор со својот колега американскиот секретар за одбрана Марк Еспер посветен на работите за формирање безбедна зона во Сирија.  Во разговорот од страна на министерот Акар беше нагласено дека Турција која во реализираната операција Еуфратски штит во северниот дел на Сирија неутрализира повеќе од 3 илјади терористи на ДЕАШ, нема да дозволи да се формира терористички коридор јужно од своите граници. Министерот Хулуси Акар во остварениот телефонски разговор на својот американски колега Марк Еспер му ја даде следната порака: „ Доколку дојде до одолговлечување, задоцнување во активностите за формирање на безбедна зона/мировен коридор во источниот дел на реката Еуфрат на длабочина од приближно 30 километри во должина на границата која ќе биде исчистена од тешкото оружје и терористите, овие активности со САД ќе завршат и Турција е крајно одлучна во тоа.“

„Турција би можела да излезе како добитник од трговките војни“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хабертурк“, каде што се вели дека министерот за трезор и финансии Берат Албајрак даде значајни изјави во врска со економијата. Осврнувајќи се на трговските односи помеѓу Турција и САД, министерот Албајрак рече: „Ние сме земја која би можела да излезе како добитник од трговските војни. САД изразуваат волја за развивање на трговските односи помеѓу двете земји.“ Министерот Берат Албајрак нагласи дека тргувањето со Турција ќе биде во корист и од интерес за другите земји и го додаде следното: „Турција е привлечна земја за инвеститорите.“   

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Турција ги нарушува старите рамнотежи“, ја објавува веста на францускиот весник „Ле Монд“ каде што се вели дека Турција стана земја која го прочујува својот глас на меѓународната арена и која ги нарушува старите рамнотежи. Привлекувајќи внимание дека официјална Анкара спроведува мултилатерална надворешна политика, „Ле Монд“ во својата вест анализа нагласува дека Турција е дојдена во положба на земја која ги нарушува старите рамнотежи, а поради тоа што ги поставува на дневен ред употребата на сила доколку затреба за зачувување на сопствените национални интереси, стекнувањето со свои нови сојузници и дискусијата во врска со функционирањето на глобалниот поредок. Освен тоа француски „Ле Монд“ вели дека веќе посилно се слуша гласот на Турција на меѓународната арена на глобално ниво.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Домашниот сателит го сними Истанбул“, истакнува дека турскиот сателит ЃОКТУРК-2 кој беше лансиран во вселената во 2012 година  продолжува да испраќа податоци, снимки, од својата орбита на височина од приближно 685 километри од Земјата. Така овој сателит од домашно производство со 80 отсто опрема и 100 посто софтвер обезбедени и развиени од страна на турски инженери, го снимки Истанбул. Сателитот ЃОКТУРК-2 кој испраќа снимки со голема резонанција, исто така може да кружи околу земјата, односно да заврти еден круг околу земјата за 90 минути. Сателитот располага со висока брзина на комуникација со податоци така што снимката на еден појас од приближно 640 километри може да ја пренесе со само еден премин.



Слични вести