Турски печат 01.10.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1279250
Турски печат 01.10.2019

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Ердоган напиша за Вашингтон пост: Турција ќе ги продолжи своите активности за разјаснување на убиството на Кашикчи“, информира дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган напиша статија за американскиот весник „Вашингтон пост“ посветена на убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи. Ердоган во оваа своја статија го истакна следното: „Убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи, со исклучок на терористичките напади од 11 септември, може да се оцени како најголем и најконтроверзен настан на 21. век. Впрочем ниту еден настан од нападите на 11 септември дотогаш не му се заканувало толку на меѓународниот поредок и не претставувало предизвик за нормите прифатени во светот.“ Претседателот Ердоган го напиша и следното: „Ние како Турција ќе ги продолжиме нашите активности за разјаснување на убиството на саудискиот новинар Кашикчи и во наредниот период.“

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Министерот Берат Албајрак ја претстави тригодишната Нова економска програма“, пишува дека министерот за трезор и финансии Берат Албајрак вчера говореше на состанокот на којшто ја претстави Новата економска програма за 2020-2022 година. Албајрак соопшти дека главната тема на годинашната Нова економска проргама гласи „Трансформацијата започнува“. Како цели во инфлационата стапка во Новата економска програма се утврдени, за 2019 година инфлациона стапка од 12 отсто, за 2020 година 8,5 отсто, за 2021 година 6 отсто и за 2022 година инфлациона стапка од 4,9 отсто. Целите за економски раст се, за оваа 2019 година раст од 0,5 отсто, а за следните 3 години економски раст од по 5 отсто.

„Кампања со попуст од Туркиш Ерлајнс за Источна Европа и Балканот“ гласи насловот на страниците на весникот „Хурријет“, каде што се вели дека Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) започна кампања со попуст за патниците кои ќе патуваат за Источна Европа и Балканот. Во рамките на кампањата којашто важи за ограничен број седишта пружа можност за летање до голем број дестинации во Источна Европа и на Балканот со почетни „ол инклузив“ цени од 119 долари.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Турција за 8 месеци годинава пречека над 31 милион странски посетители“, пишува дека продолжува трендот на раст на Турција во туризмот. Во периодот од 8 месеци годинава Турција пречека над 31 милион странски посетители, додека во месец август во споредба со истиот месец минатата година, во бројот на странските туристи долови раст од 17,7 отсто. 

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Во инвентарот на Турските вооружени сили е вклучено и националното ласерско оружје АРМОЛ“ им одделува место на изјавите на министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк кој во својата споделена објава вчера на социјалната мрежа Твитер соопшти дека националното ласерско оружје АРМОЛ успешно ги помина тестовите за прифаќање и е внесено во инвентарот на Турските вооружени сили (ТВС или TSK).



Слични вести