Турски печат 27.09.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешени изданија овде во Турција...

1277267
Турски печат 27.09.2019

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Зборовите на Ердоган пред ОН на небото над Кападокија“, пишува дека транспарентите на којшто се напишани зборовите на претседателот Реџеп тајјип Ердоган кои што ги изговори во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) „Светот е поголем од пет“ и „Турција е надеж за исламскиот умет“ беа развиорени на небото со балони во Кападокија, наше познато туристичко место коешто е посетувано од страна на голем број туристи. Зборовите на претседателот Ердоган беа напишани на транспаренти на англиски јазик и закачени на балоните.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Ќе се формира телевизиски канал против исламофобијата“, информира дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Њујорк, во САД, се состана со пакистанскиот премиер Имран Хан и малезискиот премиер Махатхир Мухамед. По средбата пакистанскиот премиер Имран хан рече: „Претседателот Ердоган, Махатхир Мухамед и јас на одржаниот состанок одлучивме трите земји заедно да формираме телевизиски канал на англиски јазик за водење борба против тешкотиите предизвикани од исламофобијата и за поправање на погрешните знаења во врска со нашата религија.“ 

„За 1 година 2.611 странци станаа турски државјани“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хабертурк“, каде што се истакнува дека во периодот од една година колку што помина од направената измена во регулативата во врска со применувањето на Законот за турско државјанство, примија турско државјанство 2.611 странски инвеститори од голем број земји од САД до Русија, од Канада до Доминиканската Република и од Бразил до африканската држава Комори. На тој начин бројот на странските инвеститори кои заедно со нивните семејства станаа турски државјани достигна до 9.962 лица. Бројот на поднесените барања за турско државјанство во истиот период пакö се зголеми на 3.859.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Причината поради која САД отстапија по прашањето со Турција“, пишува дека според експертите, причината поради којашто САД отстапија во однос на програмата на борбените авиони Ф-35, е стравот од губење на еден стратешки сојузник како Турција. Експерти привлекуваат внимание на желбата на САД за продолжување на добрите односи со Турција, поради нивните интереси на Блискиот исток и го велат следното: „Турција покажува цврста одлучност по прашањето на формирање на безбедна зона во источниот дел на реката Еуфрат во Сирија. Покрај тоа, Американците се свесни дека купувањето на противвоздушно одбранбениот ракетен систем С-400 од страна на Турција  не претставува опасност за борбените авиони Ф-35. Затоа се во обид за намалување на тензиите во односите со Анкара.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Гути Хернандез сподели објава во врска со Истанбул“, пишува дека поранешниот шпански фудбалер Гути Хернандез испрати порака до народот во Истанбул во која го изрази своето жалење поради вчерашниот земјотрес со јачина од 5,8 степени. Светски познатиот фудбалер Хернандез кој извесно време го носеше и дресот на турскиот прволигаш Бешикташ и работеше како тренер, на својот профил на социјалната мрежа Твитер на турски и на шпански ја сподели објавата „Биди силен Истанбул.“



Слични вести