Турски печат 26.09.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1276645
Турски печат 26.09.2019

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Ердоган: Не е можно да се прифати такво нешто“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера во рамките на 74. заседание на Генералното собрание на ОН во Њујорк, во САД, учествуваше на манифестацијата на високо ниво на тема „Борба против говорот на омраза“ во заедничка организација на Турција и Пакистан. Во своето овдешно обраќање претседателот Ердоган рече: „Претставува многу голема клевета и неморал поистоветувањето на тероризмот со исламот, религијата на мирот. Не е можно да се прифати такво нешто.“ Тој напомена дека Турција ќе продолжи да биде предводник во напорите во правец на ефикасната борба против непријателството кон исламот, расизмот и говорот на омраза кои што се во подем.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Турските џетови по трет пат летаа во источниот дел на Еуфрат“, информира дека турските воени авиони Ф-16 вчера од 10:00 до 12:00 часот по локално време реализираа летови во источниот дел на реката Еуфрат, над воздушниот простор на Сирија. Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана на својата сметка на социјалната мрежа Твитер беше истакнато следното. „Две Ф-16'сетки на нашата Команда за воздушни сили во рамките на Операцијата природна одлучност од 10:00 до 12:00 часот по локално време реализираа летови во источниот дел на реката Еуфрат, над воздушниот простор на Сирија.“

„Полн погодок од ракетата Атмаџа“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Сабах“, каде што се вели дека вчера успешно беше реализирано последното тестирање за палба на првиот поморски проектил на Турција ракетата „Атмаџа“ која ја погоди целта со сто процентна прецизност. Во објавеното соопштение од Управата за одбранбена индустрија во кабинетот на претседателот, се истакнува дека со цел поставување на платформите на националниот брод (МИЛГЕМ) на Командата на поморските сили за обезбедување на потребата од крстосувачка ракета од брод на брод, се реализира проектот воден куршум од платформа на платформа. Како што се вели во овие рамки на последното тестирање со палба на крстосувачка ракета „Атмаџа“ којашто е произведена со таа цел, успешно е погодена поставената цел. 

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Турција најмногу лешници и продаде на Германија“, пишува дека Турција, како земја која е најголем производител на лешници во светот и го држи во свои раце поголемиот дел од пазарот на лешници, во периодот од 1 сепетмври 2018 година до 31 август 2019 година, исто како и во претходните 9 сезони, најмногу лешници и продаде на Германија, а по оваа земја по колчичината на продадени лешници следуваат Италија и Франција. 

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Од Сакарја за 8 месеци оставрен извоз во 138 земји“, инофмира дека Сакарја кој се наоѓа меѓу градовите локомотива во автомобилскиот извоз на Турција, за 8 месеци во оваа година оствари продажба во 138 земји и 10 слободни зони во износ од 3 милијарди 339 милиони 607 илјади долари. Сектор во којшто е реализиран најголем извоз од Сакарја во периодот јануари-август е автомобилскиот сектор каде што е остварена продажба во износ од 3 милијарди 56 милиони 83 илјади долари, што пак изнесува 91,5 отсто од вкупниот остварен извор.



Слични вести