Турски печат 25.09.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1275911
Турски печат 25.09.2019

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Мир и правда за сите“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во своето обраќање што го одржа вчера пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк во САД ги потсети светските лидери за бебето Ајлан и милионите бегалци, незаситената израелска окупација, Кашмир, Авганистан, драмата во Мјанмар и непријателството кон исламот кој што е во подем во Западот. Претседателот Ердоган во овој свој историски говор кој што доби големи аплаузи, рече: „Мир за сите, слобода за сите, просперитет за сите, правда за сите, мирна и безбедна иднина за сите.“ 

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Чавушоглу му го даде потребниот одговор на кипарско-грчкиот министер“, информира дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу  на седиштето на Обединетите нации (ОН) во Њујорк се сретна со министерот за надворешни работи на кипарско-грчката управа Никос Христодулидис. Овде Чавушоглу на прашањето на Христодулидис „Зошто веднаш не се договараме за федерација?“ одговори со зборовите „Твојот лидер го одби тоа. Најпрвин треба да се одлучиме за што ќе преговараме.“

Соопштение од Меѓународниот монетарен фонд за Турција“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Ватан“, каде што се вели дека Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) соопшти дека оваа година не очекува стеснување во турската економија, Во извештајот на ММФ се истакнува дека турската економија во последните години бележи силен раст и дека широките марко-економски и структурални реформи го поддржуваат овој раст. Во извештајот на фондот се нагласува дека турската лира се опоравува и дека се согледува извонредно подобрување во балансот на тековната сметка.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Во Кушадаси со 3 брода дојдоа 2.630 туристи“ пишува дека населеното место Кушадаси кај градот Ајдин, како еден од значајните центри на туризмот со бродови за крстарење крузери, вчера пречека 3 џиновски крузери со туристи со што го доживеа едниот од најраздвижените денови во оваа туристичка сезона. Вчера наутро во пристаништето „Еге Порт“ во Кушадаси пристигнаа 3 крузери и тоа „Wind Star“ и „Seven Seas Voyager“ кои пловеа под знамето на Бахамите и „Celestyal Olympia“ кој пловеше под знамето на Малта. Еден дел од 2.630'те патници од кои повеќето Американци, а кои слегоа од овие бродови за крстарење, со автобуси учествуваа во тур патувањата посетувајќи ги античкиот град Ефес и куќата на Мајка Богородица, Некоит од патниците туристи и персоналот составен од 1.500 лица пак, го прошетаа центарот на Кушадаси каде што освен тоа што шетаа беа и на шопинг.

 



Слични вести