Турски печат 24.09.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1275219
Турски печат 24.09.2019

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Ф-16'ките летаа над Сирија“, пишува дека министерството за национална одбрана соопшти дека два воени авиони Ф-16 на Командата на воздушните сили во рамките на Операцијата природна одлучност вчера помеѓу 10:00 и 12:00 часот летаа над воздушниот простор на Сирија.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Министерот Пакдемирли: Постигнавме договор за извоз на млеко во Кина“, информира дека министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли соопшти дека е постигнат договор за ветеринарниот здравствен сертификат, а со цел да се реализира извоз на млеко во Кина. Министерот Пакдемирли говореше на „Светскиот самит на млечни производи „IDF“ во Истанбул во организација на Меѓународната федерација на млечни производи (IDF) каде што меѓу другото ја сподели и информацијата дека Турција извозот на млеко кој што се реализира во земјите од Блискиот исток има за цел да го прошири и на пазарот на земјите од Далечниот исток.

„Познато името на новиот авион на Туркиш Ерлајнс“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Ватан“, каде што се вели дека Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) на патничкиот авион од типот Ербас А321 НЕО со ознака на опашката TC-LSH кој што го приклучи кон својата флота, му го даде името Сиврихисар. Советникот за печат на Туркиш Ерлајнс Јахја Устун од чија страна беше преземен новиот патнички авион оваа веста ја соопшти на својата сметка на социјална медија.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Истанбулскиот Аеродром станува инспирација за Полска“, информира дека полскиот заменик министер Миколај Вилд изјави дека за новиот централен аеродром кој што ќе биде изграден во близина на Варшава детално го испитуваат Истанбулскиот аеродром од аспект на партнерството на јавниот и приватниот сектор и од финансиски аспект. Вилд рече: „Финансиската структура на Истанбулскиот аеродром претставува мошне голема инспирација за нас. На маса ја поставуваме и соработката со фирмите кои учествуваа во проектот во Истанбул.“

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Американската пејачка Дела Мејлс го посети турбето на Хазрети Мевлана“, пишува дека познатата американска пејачка Дела Мајлс која на покана на Дирекцијата за култура и туризам на градот Конја допатува за учество на 16. Меѓународен музички фестивал за мистичка музика во Конја, овде го посети турбето (гробот) на големиот турски мислител, хуманист, поет, мистик и суфија Мевлана Џелаледдин-и Руми. На Дела Мајлс која откако премина во ислам и стана муслиманка почна да живее во Турција, на крајот на фестивалот што се одржа во Културниот центар Мевлана и беше врачена награда.



Слични вести