Турски печат 19.09.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција

1272321
Турски печат 19.09.2019

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Ердоган: Доколку не добиеме резултат за две недели ќе ги фрлиме нашите сопствени чекори“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа вчера на церемонијата на отворање на новата академска година 2019-2020 во високото образование, по прашањето на сириските бегалци и безбедната зона кои што поради неискрениот став на западните земји се влезени во безизлез, го рече следното: „Доколку не добиеме резултат за две недели ќе ги фрлиме нашите сопствени чекори.“

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Изјава од министерката Пекџан во врска со односите со Иран“, информира дека министерката за трговија Рухсар Пекџан во говорот што го одржа на Турско-иранскиот бизнис форум вчера во Анкара истакна дека односите со Иран добија конструктивна насока којашто ќе го отвори патот пред деловниот свет. Министерката Пекџан рече: „Одлучни сме да го искористиме поефикасно договорот за повластена трговија и повторно да му придадеме интензитет на трговскиот обем.“ 

„Соопштена индустриската и технолошката стратегија на Турција за 2023 година“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Јени Шафак“, каде што се вели дека министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк на состанокот за промовирање на индустриската и технолошката стратегија што се одржа вчера во Анкара, соопшти дека во 2023 година се има за цел делот на производствената индустрија во националниот доход да биде зголемен на 21 отсто. Министерот Варанк рече: „Имаме за цел, Турција да изнесе најмалку 23 умни производи коишто ќе станат бренд на глобално ниво, во сферите на деструктивната технологија. За постигнување на нашите цели, во нашата индустриска стратегија утврдивме 5 главни компоненти и 23 суб-политики.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Селчук Бајрактар го соопшти датумот на првиот лет на Акинџи“, информира дека техничкиот директор на Бајкар и претседател на Одборот на доверители на Фондацијата на Тимот за технологија на Турција Селчук Бајрактар истакна дека се посакува офанзивното беспилотно летало на Турција од домашно и национално производство „Акинџи“ својот прв лет да го оствари во текот на октомври.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Туркиш ерлајнс почна да лета за кинескиот град Ксиан“,  пишува дека Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) ги започна своите редовни линии за кинескиот град Ксиан. Во објавеното соопштение од Платформата за јавно информирање (КАП) се вели следното: „Од страна на нашето партнерство согласно условите на пазарот е одлучено да започнат редовните летови за кинескиот град Ксиан.“



Слични вести