Турски печат 17.09.2019

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција

1270754
Турски печат 17.09.2019

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Најдолг самит“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердган, рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател Хасан Рухани вчера во Анкара разговараа за ситуацијата во подрачјето на градот Идлиб и иднината на Сирија. Поради заканата на САД со војна против Иран погледите на целиот свет беа свртени кон самитот кој што започна вчера претпладне во 11:30 часот и со билатералните и трилатералните средби продолжи вечерта до 21:00 часот по локално време. Лидерите на трите земји ја истакнаа следната порака: „Ние сме во целосна согласност за политичко решение во Сирија.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Остра реакција од претседателскиот кабинет, против Ерменија“, информира дека потпретседателот Фуат Октај, во одржаниот говор на Азербејџанско-турскиот бизнис форум што се одржа вчера во главниот град на Азербејџан, Баку, нагласи дека четвртина век како се делува во блиска солидарност со Азербејџан, за ставање крај на ерменската окупација која што продолжува над приближно една петина од азербејџанските територии. Потпретседателот Октај рече: „Нашата најголема желба е да се изнајде решение за проблемот Нагорно Карабах, во склопот на територијалниот интегритет на Азербејџан и во усогласеност со усвоените одлуки на меѓународните организации и што поскоро да се вратат назад на своите територии над 1 милион наши оштетени браќа.“

„ТЕКНОФЕСТ стана втора најголема воздушна манифестација во светот“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хабертурк“, каде што се вели дека технолошкиот фестивал на Турција ТЕКНОФЕСТ Истанбул кој минатата година беше одржан за прв пат на Истанбулскиот аеродром, годинава ќе ги пречека своите посетители на Аеродромот Ататурк, исто така во Истанбул. На манифестацијата на која минатата година се очекуваше да дојдат 200 илјади посетители дојдоа повеќе од 500 илјади лица. Со оваа бројка ТЕКНОФЕСТ Истанбул стана втора најголема воздушна манифестација во светот. ТЕКНОФЕСТ Истанбул ќе се одржи од 17 до 22 септември на Аеродромот Ататурк.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Министерот соопшти: Пристигна 20 годишен рекорд“, пишува дека министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез рече: „Нашата национална компанија Турската нафтена компанија „ТПАО“ во домашното производство на нафта ја надмина дневната бројка од 50 илјади барели и достигна до највисокото производство во последните 20 години.“ Во 2018 година дневното домашно нафтено производство изнесуваше 42.330 барели.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Буџетот на централната управа во август со вишок од 576 милиони турски лири“, пишува дека според податоците на Министерството за трезор и финансии за буџетскиот баланс, во месец август 2018 година е остварен примарен вишок од 2,5 милијарди турски лири, додека во август 2019 година оваа бројка изнесува 11,4 милијарди турски лири. Буџетските приходи во август 2019 година во споредба со истиот месец минатата година со раст од 34,1 отсто се зголемија на 94,3 милијарди турски лири, а буџетските расходи со раст од 23,2 отсто изнесуваа до 93,7 милијарди турски лири. Даночните приходи во месец август 2019 година споредено со истиот месец минатата година со раст од 9,3 отсто се зголемија на 66,6 милијарди турски лири, а буџетските расходи со раст од 22,1 отсто на 82,8 милијарди турски лири. 



Слични вести